(ВИДЕО) Заев од Гевгелија: Да не чекаме уште 27 години, да го фатиме возот што ја носи Македонија во Европа

Од:

Сите ќе се радуваме на историската одлука на 30. септември. Сите сме свесни пред колку исправна одлука сме исправени. Ова е чест на нашата генерација. Знам дека имаме одговорен народ којшто води грижа за своите деца и за своите поколенија. Да не чекаме уште 27 години, да го фатиме возот што ја носи Македонија во Европа, порача премиерот Зоран Заев на граѓанската трибина во Гевгелија.

Тој рече дека макрдонскиот јазик заслужува да биде официјален јазик во ЕУ.

-Постигнавме договор но знаевме што мора да сочуваме, јазикот и идентитетот. И Грција ги призна. Таму во договорот стои македонски јазик. Знам дека е непријатно чувството со географската одредница, но ги знам придобивките. Овој референдум е важен како во 1991 година затоа што за век и веков треба да ја осигурааме нашата Македонија. Имаме држава признаена од цел свет, во којашто живее мнозински македонски народ признаен од цел свет, којшто зборува македонски јазик признаен од цел свет. Ги постигнавме сите цели на нашите татковци и дедовци, додаде претседателот на СДСМ и премиер Заев.

Тој се обрати до младите и до родителите.

-Немојте да преспиете, зборувајте со вашите родители, баби и дедовци, имате право на добра иднина. Но и родители, важно е и ние да разговараме со сите. Не е исто нашите млади дали ќе ги имаат сите права како нивните врсници од Европа или ќе останат сами, изолирани. Ова од нас зависи., рече претседателот на СДСМ и премиер Заев.

Тој од трибината во Гевгелија се обрати и до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

-Рече денеска во Охрид дека немаат план за бојкотирање. Ако е така пријателе ајде направи уште еден чекор. И твоја е оваа Македонија. И ти имаш деца и јас имам деца. Во име на тоа што не може да се постигне подобар договор, во име на ЕУ и НАТО, приклучете се заедно да ја испишеме модерната историја на европска Македонија, повика претседателот на СДСМ и премиер Заев.

– На 30 септември секој граѓанин да стави тула во изградбата на иднината на европска Македонија. 30. септември е ден на новата модерна македонска историја да излеземе сите, заедно и да гласаме, за европска Гевгелија, За европска Македонија, порача претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, на граѓанската трибина во Гевгелија.

Би можело да ве интересира

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција и реализација на ветената експанзија

А1он

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија