Заев од Демир Хисар: Ќе има живот и на локално ниво, ќе се живее и во секое село и во секој град

Од:

Од Америка доаѓам во Демир Хисар и ќе ви порачам, Македонија ја вративме повторно на шини, Македонија оди напред! Ќе има живот и на локално ниво, ќе се живее и во секое село и во секој град.“ порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев на првото обраќање во Демир Хисар од каде што централниот караван на СДСМ ја стартуваше кампањата за локалните избори.

– Покажавме дека граѓаните се нашата движечка енергија. Покажавме дека Владата може да биде услужна и достапна за граѓаните. Парите ги враќаме кај вас граѓаните. Да продолжиме да работиме заедно за во сечиј дом да бидат видливи резултатите од промените.,повика претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој ги објасни четирите столба на коишто се потпира програмата на СДСМ, за општините, градење по план, чиста вода и чист воздух, повеќе пари кај граѓаните, услужна и отворена општина за сите.

– Ова не се обични локални избори на кои се гласа само за градоначалник и совет во општините. Ова се избори на кои одлучуваме како ќе продолжиме. Граѓаните веќе избраа слобода, Македонија веќе живее нова ера на слобода од режимот на Никола Груевски. Ве повикувам на 15 октомври да го заокружите бројот 19 за живот во општина Демир Хисар за сите, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев на првиот митинг од кампањата за локалните избори во Демир Хисар.

Би можело да ве интересира

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината