Заев од Центар: Со одговорни политики градиме правично и праведно општество, успеавме да ги покачиме платите и да ја зајакнеме економијата

Од:

„Водиме исправни политики, покажавме дека има пари за се во државата, се гради по цела држава на секој агол, магистрални, регионални, локални патишта, водоводи, канализации, детски градинки преку 40 се направија, училишта нови се градат, се конструираат постојните, парите сега не одат во споменици, во жални врби, во стиропорни фасади, туку се инвестираат во вистински луѓе за вистински потреби, докажавме дека паралелно со решавање на најголемите прашања за државата, умееме и можеме да ја подигнеме економијата“, рече претседателот Заев на граѓанската трибина во Центар.

„Социјалната помош порасна за 300 проценти и за тие лица сега веднаш се бараме работа. младите преку активни мерки никогаш немале поголема поддршка од државата. Им олеснивме на граѓаните со тоа што им ги намаливме трошоците, успеваме минималната плата да ја зголемиме на два пати и стигнавме до 14.500 денари. ВМРО ДПМНЕ критикуваше дека ќе има масовни отпуштања, но наместо тоа, ние отворивме 65 000 нови работни места. Денеска гледам ВМРО ДПМНЕ зборува за минимална плата и просечна плата, оние кои ги критикуваа покачувањата“, посочи претседателот Заев.

Претседателот Заев потенцира дека и покрај кризата со коронавирусот, економијата е стабилна и може да се носи со сите предизвици.

„Докажавме и во овие четири месеци на корона криза кога економски се урнисува цел свет, и најсилните економии, ние не задоцнивме ниту со еден ден со пензии, со плати, со здравствени трансфери, со социјални трансфери, ќе има и субвенции. Ние докажавме дека оваа земја има пари. Знам дека ќе успееме заедно. Заедно ќе се бориме за секој човек, за секое работно место”, заклучи Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел