Заев: Очекувам лидерска средба на 31 август и избори во декември

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на Република Словачка во Република Македонија, Мартин Безак.

Актуелната политичка ситуација во земјава и текот на реализацијата на преземените обврски за регуларни избори на Македонија беа главна тема на состанокот.

-Очекувам секој да биде на ниво на сериозноста, на 31 август да се одржи лидерската средба на којашто ќе утврдиме дека во декември ќе се одржат следните предвремени парламентарни избори во Македонија, рече Заев.

Тој соопшти дека СДСМ е категорично определена граѓаните на следните избори слободно да изберат на кого ќе ја дадат одговорноста да ја води државата и оцени дека според расположението на терен и анкетите тоа ќе бидат Социјалдемократскиот сојуз и опозицијата.

-СДСМ е постојано на терен, ги знаеме сите проблеми во државата и имаме конкретни, реални и одржливи мерки како да обезбедиме добар животот за луѓето и перспектива на државата. Со голем дел од нив граѓаните веќе се запознаени и даваат безрезервна поддршка на промените што ќе се случат, додаде Заев.

Амбасадорот Безак, како претставник на земјата којашто сега претседава со Европската унија изрази надеж за демократски избори во Македонија што ќе донесат демократски прогрес на државата кон ЕУ.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Мицкоски: Техничката влада оди во историја, најден компромис за Законот за прекршоци