Заев: Ниту еден од министрите нема примено вакцина, го чекаме својот ред

Од:

Ниту еден министер во Владата нема примено вакцина против Ковид-19, вели премиерот Зоран Заев, а по објавените информации во јавноста дека дел од министрите веќе се имаат вакцинирано.

Заев вели дека и тој се пријавил на електронската апликација за изразување интерес за вакцинација и го чека својот ред.

„Најодговорно тврдам, ниту еден министер, вклучително и министерот за здравство, кој е здравствен работник, се нема вакцинирано. Го чекаме нашиот ред, според Планот за имунизација на населението“, рече Заев.

На прашањето дали списокот на вакцинирани лица би се објавил јавно, премиерот изјави дека би го направиле тоа доколку системот дозволува, и доколку бидат заштитени личните податоци на граѓаните.

„Не смееме да дозволиме поради било какви лажни вести да нарушиме одредени човекови права. Ако системот тоа го дозволува, можеме да објавиме, но само ако постои можност да се заштитат личните податоци и податоците за здравствената состојба на граѓаните“, вели Заев.

Тој апелираше сите граѓани да се пријават за вакцинација на веб-страницата за изразување интерес за вакцинација, а министерот Филипче рече дека со помош на неговиот српски колега Лончар се прават напори во системот да се внесат десетте илјади граѓани кои изминатиот викенд се вакцинираа во Србија.

„Јас се пријавив онлајн во механизмот, апелирам и граѓаните да се пријават. Вакцината е здрава, сите вакцини се здрави. Колку побрзо заврши процесот на вакцинација, толку побрзо ќе заврши оваа битка со пандемијата“, вели Заев.

Денеска Србија ја донираше првата доза од 20.000 руски вакцини „Спутник V“ на Македонија. Ова е втората донација од вакцини што пристигнуваат од соседната држава. Првата донација од Србија, која впрочем беше и првата пратка вакцини која пристигна во земјава, беа 8 илјади дози од американската вакцина „Фајзер“, со која се вакцинираа здравствените работници.

Би можело да ве интересира

БиХ го повлекува персоналот од Амбасадата во Белград: Односите со Србија ги сведуваме на минимум

A1on

(ВИДЕО) Телото на Ратко Младиќ пречекано со воени почести, на погребот се очекуваат десетици илјади граѓани

A1on

Србија ја прегази Грција и стигна на чекор до финалето на Европското првенство

Марта Кос со порака до Србија за погребот на Ратко Младиќ: „Се надевам дека знаат што ризикуваат“

Поради кавга заради гласна музика, синот го претепа и го запали својот татко во креветот

А1он

Акција во Србија: Уапсени тројца осомничени за киднапирање и малтретирање на пет странци: Барале 30.000 евра откуп