(ВИДЕО) Заев: Ништо повеќе не зависи од Никола Груевски, тој е минато!

Од:

Полноќната одлуката на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, за одложено распуштање на Собранието, е уште еден пораз на Никола Груевски.

После сите лаги, измами, инаетења, со денови криење од јавноста, Никола Груевски ја призна својата лична одговорност: нема услови за слободни, фер и демократски избори на 24-ти април.

Со кршење на Договорот од Пржино, одбивање на реформите за слободни медиуми и прочистувањето на Избирачкиот список, лажниот патриот Никола Груевски и неговата ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да ја втурнат Македонија во драматична криза, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Потврдата од ЕУ и САД, меѓународните гаранти на Договорот од Пржино, дека не се исполнети условите за фер избори и одложената одлука за Резолуцијата во Европскиот парламент, покажуваат колку само слободните избори се значајни за иднината на Македонија.

Груевски сакаше да ја вовлече Македонија во сериозна меѓународна изолација и длабока внатрешна криза, со единствена цел, заштита на криминалот и корупцијата на фамилијата.

Никола Груевски се плаши од слободни и фер избори, затоа што знае дека ќе ги изгуби.
На сите им е јасно:

Никола Груевски не може да ја држи Македонија во заложништво.

Пред само еден час ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека нема поместување од датумот, 24-ти април.

Вечерва се потврди, Ви реков, се случи: Ништо повеќе не зависи од Никола Груевски. Тој е минато.

Во Македонија мора да има и ќе има, слободни, фер и демократски избори.

Избори со прочистен избирачки список и реформи за слободни медиуми на коишто сите граѓани и партии слободно ќе учествуваат.

Во Македонија мора да се избере нова Влада, со полн легитимитет, за решавање на сериозните проблеми и враќање на Македонија на европскиот пат.

На фер избори СДСМ ќе ја преземе одговорноста којашто ќе и ја дадат граѓаните.
Промените доаѓаат на слободни, фер и демократски избори, на коишто ќе победат граѓаните, СДСМ и европските вредности, рече Заев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче останува со потрчковците на Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија има јасна агенда за бришење на јазикот и идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче му возвраќаат на Заев, неговите деца во партијата станаа кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ: Акиов е човек од доверба на Заев и соучесник во сценариото кое го подготвил со Филипче за дестабилизација во Кочани

Во енергетска криза, кланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ три пати поскапо и профитирале, а граѓаните плаќале повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

Манасиевски: Дали Филипче и Заев имале акции во индиска авиокомпанија и оттаму им се средствата за 50-катница во Дубаи

Катерина Ѓуровски