Заев: Николовски ќе прави контрола на криминалот и корупцијата кај функционерите

Од:

Новата функција во владата која е именувана како вицепремиер задолжен за борба против корупцијата, одржлив развој и човечки ресурси, а што ќе ја извршува генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски е потребна за мониторинг на кадрите во Владата, вели мандатарот Зоран Заев. Според него, Николоски ја носи одговорноста за исправноста на кадровските одлуки, а воедно, ќе треба да воспостави комплетна контрола за криминал и корупција за поставените функционери на извршната власт.

„Љупчо Николовски е генерален секретар на СДСМ и сакам да остане и СДСМ, да ја раководи. Затоа координативната улога во потпретседателското место е консеквентна на една од трите комисии кои функционираат во владата. Владата има Комисија за политички систем, Комисија за човечки ресурси и одржлив развој и Економската комисија. Имајќи во предвид дека потпретседателот за европски прашања е целосно преокупиран со поглавјата, со преговорите и слично, Комисијата за економски систем ја води потпретседателот на Владата за економски прашања. Комисијата за политички систем ја води потпретседателот на Владата за политички систем, а Комисијата за човечки ресурси ја води токму потпретседателот за борба против криминалот и корупцијата и секако за одржлив развој и човечки ресурси. Оваа надлежност ја давам за мониторинг на кадрите, предложени од СДСМ и коалицијата. Генералниот секретар е првиот кадар во политичките партии. Тој ја носи првата одговорност за исправноста или неисправноста на кадровските одлуки. Прво, комплетна контрола за криминал и корупција за поставените функционери на извршната власт. Второ, комплетно менаџирање за создавање на капацитети, уште посилни за борба против криминалот и корупцијата. Тоа е зло кое мора да го откорениме од нашата земја. Верувам со ваква тежина, втор човек на СДСМ, ќе може да испорача ефект. Секако делот за политички систем на Артан Груби кој исто е генерален секретар на ДУИ и е номиниран, ќе го земе делот за редот, правдата, поредокот и правичноста за да можат двете најголеми партии да ја споделат одговорноста и да ја носат одговорноста во координирањето на институциите, надлежни за тоа“, рече Заев.

Претходно, Централниот одбор на СДСМ ги потврди кадрите кои ќе бидат предложени за нови министри и потпретседатели на Владата. Меѓу нив, нови имиња кои ќе раководат со министерствата се Ирена Стефоска, Благојче Бочварски, Бојан Маричиќ, Јагода Шахпаска. На функциите остануваат досегашните министри на Министерството за здравство, Министерството за внатрешни работи, како и Министерството за одбрана. Заев по состанокот на Централниот одбор, соопшти и дека во Владата ќе има седум министри помалку, па наместо 26 ќе бидат 19 министри.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот