(ВИДЕО) Заев: Ние ќе испорачаме резултати, но очекуваме и соодветно вреднување од страна на ЕУ

Од:

Оваа посета на Еврокомесарот Хан доаѓа во момент кога Република Македонија се наоѓа во клучна фаза од исполнување на акцискиот план 3-6-9 кој е наш патоказ и трака кон преговорите, изјави Премиерот Зоран Заев по средбата со комесарот Јоханес Хан.

-Нема никакво сомненија откако граѓаните го изразија своето мислење на локалните избори, новата влада да ги одмрзне европските аспирации. Владата има цврста определба за напредување на државата и демократските процеси. Организиравме и спроведовме демократски, фер и професионални локални избори со одобрување од меѓународните набљудувачи, вели Заев.

Премиерот рече дека реформите предвидени со планот 3 6 9 трајно ќе го ослободат медиумскиот простор од било какви персонални и институционални влијанија и финансиска зависност. Тој исто така најави независност и зајакнување на Јавниот радиодифузен сервис и АВМУ.

Заев исто така ги спомна и промените во правосудството односно формирањето на инклузивни работни групи кои подготвија предлог за изменување и дополнување на Законот за укажувачите.

-Реформата во правосудството треба да отвори простор за независна судска власт која ќе ја искорени корупцијата и ќе им ја врати вербата на граѓаните за независно судство. Ќе биде усвоена реформа за правосудството со акциски план согласно Европската комисија. Капацитетите на Народниот правобранител ќе бидат зголемени, рече Заев.

Премиерот информираше и за формирањето на работна група за УБК и надзор на примената на мерките за следење на комуникациите, како и за преземените активности за целосна деполитизација на администрацијата.

Во врска со надворешната политика на земјата, Заев изјави дека интензивно се работи на преговори со соседите, вклучувајќи ја и Грција за проблемот со името.

-Ние ќе испорачаме резултати затоа што овие реформи се за наше добро, но очекуваме и соодветно вреднување од европските институции, рече Заев.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија