Заев: Немаме намера да бркаме никој од администрацијата

Од:

Лидерот на најголемата опозициска партија, Зоран Заев, во вечерашното интервју за „Ал Џезеира Балкан“ рече дека Социјалдемократскиот сојуз ќе понудат платформа за враќање на слободата, демократијата и економската иднина во земјава.

– Во понудата граѓаните ќе најдат решенија во кои Социјалдемократскиот сојуз како идна власт ќе се развласти орнапред заради транспарентноста, чесноста и отвореноста на овој процес затоа што поинаку не може Македонија. Па зарем овие чекори на храброст и одважност не се доказ за нашето идно однесување. Зарем некој во динина ќе си дозвли да псилушува граѓани, да го поклопи вака судството, да ги контролира медиумите, да ја контролира јавната администрација – рече тој.

СДСМ, рече тој, нема намера да ја брка администрацијата од работа.

– Ние немаме намера да ги бркаме од работа оние кои се вработени во јавната администрација, ова е наша земја и мораме заедно да ја градиме. Завршуваат политичките предрасуди и само ваков начин е можен ако сакаме да биде партнер во Европа и да ги градиме европските вредности. Мора да заврши времето што Груевски сака да го наметне на „големите Македонци“ – посочи тој.

Во тој случај на националистичка реторика која ја употребува владејачката партија, рече Заев, Македонија создаваа непријатели. Но никој, подвлече тој, не може да „ни го одземе чувството дека сме Македонци и дека нашите деца се Македонци.“

Би можело да ве интересира

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче останува со потрчковците на Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија има јасна агенда за бришење на јазикот и идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче му возвраќаат на Заев, неговите деца во партијата станаа кандидати за градоначалници