Заев: Нема место за изборни нерегуларности, имаме обврска за чисти избори

Од:

Во Македонија нема место за изборни нерегуларности и манипулации. Осудувам било каков тип на насилство во изборниот процес и повикувам на воздржаност од било каква активност која може да нанесе дамка на изборите. Урнавме режим со пенкало и во нашата политика нема место за омраза и агресија. Така и ќе продолжиме. Ние сме победници и немаме право, а имаме обврска да блескаат изборите, да има чисти кристални избори, порача лидерот на СДСМ Зоран Заев на вечерашниот митинг во Ѓорче Петров.

Напомена дека Владата и надлежните институции ќе имаат нула толеранција за евентуален обид за прекршување на изборниот процес.

– Никој да не помисли да се поигрува со волјата на гласачите. Македонија обезбедува слободни и демократски избори каде граѓаните и без притисок го искажуваат своето мислење. Ние градиме демократско општество за сите во европска и просперитетна Македонија. Таква ја имаме веќе четири месеци, таква ќе остане засекогаш, истакна Заев.

Додаде дека секој глас за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ е глас за Никола Груевски. – Гласот за секој градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ е глас единствено за Никола Груевски. Но, Македонија се менува на подобро и во неа веќе нема место за Груевски и неговите послушници. Македонија го надмина Груевски, тоа е историја, тоа е минато, рече Заев, додавајќи дека правда ќе има и тој ќе одговара пред независни судови како што и доликува на секоја демократска држава.

Најави победа во Ѓорче Петров уште во првиот круг, а за кандидатот за градоначалник Александар Наумоски рече дека станува збор за чесен, вреден и амбициозен млад човек со јасна визија за општината. – Роден и израснат во Ѓорче Петров. Сите го познаваат како ведар и позитивен човек. Не постои улица и скокаче во Ѓорче што тој не ги познава. Мој голем пријател и борец за правда, рече Заев.

Осврнувајќи се на Планот за живот во Македонија, Заев посочи дека тој се темели на четири столба. Се заложи за инфраструктура за сите граѓани, чист воздух и чиста вода за сите, враќање на парите кај граѓаните и насочување на пари од државата кон општините. Напомена дека работниците ќе ја добијат септемвриската минимална плата од 12 илјади денари, дека се намалуваат трошоците за живот, укината е радиодифузната такса и воведена е евтината дневна тарифа за струја. Истакна дека поради поволностите во планот за економски раст веќе има и голем интерес за инвестирање.

За општина Ѓорче Петров најави целосна гасификација, повеќе инвестиции и отвореност и транспаретност кон граѓаните.

Кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Наумовски рече дека во изминатите 12 години општината тонела на секое поле, немало место во градинките, имало недостиг на здравствена заштита и уништен бил спортот. – Замре маалскиот живот, немаме јавен простор каде да се дружиме и да споделуваме идеи и проекти, рече Наумовски.

Најави нов урбанистички план за Хром, урбанизација на Стопански двор, етно село во Кучково, водовод до Никиштани, средување на депонијата во Ново село, нова амбуланта во населбата Дексион, нова монтажна катна гаража спроти пазарчето, нова градинка во Волково, отворен и затворен базен, како и враќање на културно-уметничките друштва и бесплатно издавање на културниот дом на алтернативни групи.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите

Горан Наумовски

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ нуди план во три точки за да се реши кризата во Скопје

Филипче: Скопје е во криза, СДСМ иницира итна седница на Совет на Град Скопје