Заев: Нема да има двојазичност на сите институции на целата територија

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска за новинарите изјави дека нема да има двојазичност на сите институции на целата територија на земјава.

Тој нагласи дека законот за јазиците е во согласност со Уставот и дека со него само ќе се унапредат некои практични потреби на граѓаните кои досега не им биле овозможени.

– Законот за јазиците е согласно Уставот. Онаму каде што има практична потреба и Уставот го дозволува тоа, законот така и ќе се реализира. Преку него гледам отстранување на некои потреби кои досега биле присутни кај граѓаните, а не биле овозможени. Тоа е унапредување на употребата на јазиците во РМ и секако, како што постојат ансамбли, без да се зголемуваат буџетските средства, само ќе биде дефиниран правно-формално ансамбл за културата на албанските граѓани, истакна Заев по потпишувањето на договорите за поддршка на млади земјоделци во МЗШВ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот