Заев: Негирам било какви лоши намери за набавката на кинески вакцини преку приватна фирма

Од:

Премиерот Зоран Заев објаснува дека посегнале по фирмата посредник за набавка на вакцините од Кина, за тие побрзо да стигнат во Македонија.

„Значи апсолутно негирам било какви лоши намери или незаконско дејствување, заради тоа што во овој период правиме напори да набавиме вакцина по сите можни канали, како што очекуваат нашите граѓани за час поскоро да ги имаат“, вели Заев.

Тој објасни дека на ваквиот чекор се одлучиле откако чекале две недели за вакцините од Кина, па се обиделе да ги набават вакцините преку приватна компанија која кинеското Министерство за надворешно работи не ја одобрило.

„Очекуваме да стигнат нарачките преку МНР на Кина, односно преку Кинеската амбасада. Секоја земја прави напори, ние имаме истовремено направено писмо за интерес, преку десетина приватни компании и од Австрија, и од Велика Британија, и од Америка, покрај официјалните преку амбасадите што ги имаме. Затоа што нашиот народ очекува час поскоро да направиме нарачка“, вели Заев.

За да може вакцините побрзо да стигнат во Македонија, тој вели дека биле контактирани и кинески компании кои работат во Македонија.

„Ни помогна во целата нарачка Пауер Чајна, која што е мајка компанија на Синохидро која ги гради патиштата во Македонија и друга кинеска фирма и не работи во моментот на инфраструктурата. Се обративме преку таа фирма, Пауер Чајна е еден од кандидатите за Чебрен од деветте кандидати којшто поминаа. Џиновска компанија, државна сопственост на Кина, и од таму се обидувавме покрај амбасадата, вртењето на телефоните, се обидувавме и преку тоа што го имаме кинеско овде, а тоа е компанијата што работи овде“, вели Заев.

Заев на почетокот на март изјави дека авансот за кинеските вакцини е вратен бидејќи недостасувала потврда од кинеското Министерство за надворешни работи, меѓутоа тогаш не даде информации зошто недостасува потврдата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Во видео од неколку секунди излезе на виделина целото лицемерие, аздисаноста и лажната грижа за народот на СДС

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Политиката на свиткана кичма на Заев донесе штетни договори од кои и денес Македонија едвај глава крева реагира ВМРО-ДПМНЕ