Заев: Неблагодарно беше ветото на Бугарија за преговорите со ЕУ

Од:

Во интервју за луксембуршкиот весник „Ворт“ премиерот Зоран Заев изјави дека ветото на Бугарија за почетокот на преговорите во ЕУ беше неблагодарен гест, но дека неговата Влада е посветена на европеизација на земјата.

Во текстот новинарот се навраќа на бројните пречки со кои се соочи Северна Македонија за почеток на преговори, од ветото на Грција, блокадата на Франција и конечно, лани, ветото на Бугарија поради билатерални прашања и го прашува премиерот дали тоа може да има негативни последици врз поддршката на граѓаните за ЕУ.

-Точно, неблагодарно е што нашиот сосед, Бугарија, стави ново вето за нас во декември 2020. Главната е цел да се решат историските разлики во интерпретациите помеѓу Скопје и Софија. Морам да кажам дека со вакво однесување ЕУ никогаш нема да постои, Европејците гледаа кон иднината, не минатото, вели Заев во интервјуто.

И порачува дека и во овој случај со Северна Македонија и Бугарија треба да се стори истото.

-Но мислам дека сѐ уште можеме да изнајдеме решение за бугарското вето пред јуни. Ова бара помош од остатокот од ЕУ која исто така треба да докаже дека ги почитува вредностите на ЕУ и дека историските спорови не смеат да бидат пречка за иднината на земјата, вели премиерот во интервјуто за „Ворт“.

Запрашан за испораката на вакцините од ЕУ, Зоран Заев и во овој дел ја признава разочараноста на Северна Македонија.

-Би бил нечесен ако не признаам дека ЕУ нѐ разочара со набавката на вакцини за корона. Но, ни рекоа дека во овој момент е невозможно за Унијата да ги сподели вакцините, вели премиерот.

Тој се заблагодарува сепак за помошта на ЕУ во делот на заемите.

-Но, да, можевме да сметаме на српската солидарност и сега исто така нарачавме дози од Кина и Русија, вели Зоран Заев.

Премиерот денеска во посета на Луксембург каде лобира за поддршка за формалното отворање на преговори со ЕУ и надминување на ветото на Бугарија.

Би можело да ве интересира

Преземените обврски мора да се почитуваат порачува францускиот амбасадор

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Предлог уставни измени во Собранието, пред формирање влада во Бугарија, е наивно

Катерина Ѓуровски

Почна средбата на Мешовитата историска комисија, прва со новиот состав на македонскиот тим

Прва средба на новиот тим македонски историчари во заедничката комисија со тимот од Бугарија

Мицкоски: Државата е блокирана од нерационален и билатерален спор

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Јотова советите да ги упати до буарските власти да дозволат Македонците да се организираат во невладини