Заев: Не знам кој и што бришел во СЈО, институциите нека истражат

Од:

Премиерот Зоран Заев запрашан за последните случувања во СЈО, каде што вработените алармираа дека шефицата Катица Јанева дала наредба за форензичко бришење податоци од сите компјутери, тој вели дека не знае ништо, а ги охрабрува институциите да истражат за што станува збор. Тој тврди дека бомбите се на сигурно.

„Не се ни трудам да вртам телефони и да добивам информации. Има истрага и ние треба да дозволиме таа да тече, треба да се охрабрат институциите и истрагата побргу да заврши за да видиме што се случувало. Не знам што е форензичко бришење, кој бришел и што бришел. Читав од медиумите, а ќе треба институциите да кажат“, вели Заев.

Тој порача дека што побргу треба да се донесе законот за Обвинителството за и вработените во СЈО да ја знаат својата иднина.

„Тие се граѓани што чесно ѝ служеа на државата, а таа сега треба да им обезбеди иднина“, коментира Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов