Заев не знае каде ќе се гради Клиничкиот центар, но камен темелник ќе има во рок од пет години

Од:

Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ кој требаше да се ре-изгради во Скопје, се уште нема локација. Премиерот Зоран Заев вели дека очекува, камен темелникот да се постави во рок од пет години. Тој, исто така наговести дека за изградба на новиот комплекс болници на нова локација која не е предвидена со договорот, државата ќе треба да плати пенали во износ од 5,5 милиони евра.

„Немаме направено средба со изведувачот, се работи за италијанска компанија која е меѓународно призната и градела и на други места. Не сме се сретнале зошто се уште не сме одлучиле што ќе правиме“, вели Заев.

Новата локација која ја спомена Заев е во делот на индустриската зона Визбегово, а предноста е обиколницата и лесната пристапност. На новата можна локација кај Визбегово изградбата би чинела меѓу 450 и 500 милиони евра. Предлогот за нов Клинички центар во Бардовци детално бил презентиран пред Владата.

К. Ландов

Би можело да ве интересира

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија