(ВИДЕО) Заев: Не се повлечени поднесените пријави против функционерите на ДУИ

Од:

Немаме повлечено пријави од обвинителството поднесени против ексвладата вклучувајќи ги и функционерите на ДУИ, рече премиерот Заев на седницата за пратенички прашања во Собранието. Сурија Рушити, пратеник од Алијанса за Албанците рече дека праша до каде е процесиуирањето на пријавите, додавајќи дека не тврди дека имало криминал, туку имало сомненија за тоа.

„Тоа што го знам го гледам од медиумите. Пријавите се процесуирани од институциите. Ние немаме повлечено ниту една. Некои од пријавите се и во судски постапки, а некои отфрлени бидејќи немало докази“, рече Заев.

Кривичните пријави се поднесени по објавените прислушкувани разговори. Во 2015 година, во интервју, Заев рече дека пријавите се за Бујар Османи и Муса Џафери. Тогаш, Заев тврдеше дека има сомненија за направен криминал од тогашната коалиција ВМРО-ДПМНЕ – ДУИ.

Рушити немаше дополнително прашање, но рече дека Заев мора да знае што се случува со пријавите и постапките, имајќи в предвид дека тој ги поднел пријавите.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија