Заев не сака да ја коментира најавата за оставка на Груевски

Од:

Премиерот Зоран Заев вели дека не сака да ја коментира најавата за оставка на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

„Воопшто не сакам ни да си дозволам да коментирам работи на нашиот прв политички опонент“, вели Заев.

Тој рече дека дека само силна опозиција ќе ја направи власта да биде поодговорна, потранспарентна, поотчетна и повеќе граѓански посветена.

„Секако тоа се внатрешни процеси коишто членовите на ВМРО-ДПМНЕ заедно со раководството и раководните структури ќе си дефинираат како е за нив најдобро“, рече Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

СДСМ: Сиљановска е во улога за спас на Никола Груевски и Христијан Мицкоски?

Горан Наумовски

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски