Заев не побарал да се одложи објавувањето на оценката на ЕУ и САД за изборите

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев не побарал од делегацијата на ЕУ одложување на оценката за подготвеноста за оддржување на фер и демократски избори на 24 април, дознава А1он.

Претходно од Делегацијата на ЕУ во Скопје информираа дека одложувањето е направено по барање на политичките партии, но не беше посочено за кои партии се работи. И од американската амбасада известија дека на барање на лидерите на политичките партии ќе се почека уште еден ден за да се соопшти заедничкиот став.

Барањето било поради добивање простор за договор помеѓу одредени партии што ќе се случува откако ќе се објави оценката која по се изгледа ќе биде негативна.

ВМРО-ДПМНЕ инсистира да се оди на избори, иако не е прочистен избирачкиот список ниту се регулирани медиумите. Ветувањата дека тоа ќе биде сторено до 24 април не се воопшто убедувачки за СДСМ, од каде порачуваат дека најпрво треба да се прочисти списокот и да се регулираат медиумите, а потоа може да се зборува за датумот на избори.

Би можело да ве интересира

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија