Заев: Не објавивме бомби за А1 телевизија, зашто за некои денови немаше материјали

Од:

Во продолжението од сведочењето на премиерот Зоран Заев во случајот „Таргет Тврдина“, прашање му постави ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Таа го праша Заев врз основа на неговото сведочење, дали е точно дека за некои периоди немаат добивано бомби и материјали во партијата.

dobivaj vesti na viber

Заев рече дека имало денови кога воопшто не добивале во партијата од следената комуникација.

„Не објавивме ништо за А1 телевизија, бидејќи во тој период имаше празнина во денови, односно не ни беа доставени материјали и разговори. Пример од 1 до 17 во месецот, се гледа дека 18, 19, 24 во месецот воопшто нема материјали”, рече Заев и дополни дека било невозможно да се земат сите прислушувани материјали.

Мијалков и останатите обвинети бараа одлагање на рочиштето за да се подготват за вкрстено испитување, но тоа не им беше одобрено. На следното рочиште ќе бидат испитани двајца сведоци.

Досега како сведоци во предметот беа сослушани инженерите во поранешното УБК, Ѓорѓи Лазаревски, Звонко Костовски, Сашо Трајковски и поранешниот разузнавач, Зоран Верушевски.

Обвинети се 12 лица, меѓу кои поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои избегаа во Грција, ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, тогашнииот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски.

Обвинетата Елена Џиланова призна вина и доби условна казна затвор. Првото рочиште за предметот се одржа на 22 декември 2017 година.
Според обвинението, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Би можело да ве интересира

Му застаре дело на Мијалков за прислушкувањето, обвинителот побара да се запре постапката

Ана Ололовска

Продолжуваат судењата за „Таргет-Тврдина”, „Титаник“ и „Плацеви на Водно“

Одбиена жалбата на Мијалков за одредениот притвор за „Таргет-Тврдина“

Ана Ололовска

Службеник од УБК пробал да влезе со нож на пресудата за Мијалков

ВИДЕО: За адвокатот на Мијалков казната е драконска, а затворскиот притвор е противзаконски

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Ленче Ристоска за бегството на Мијалков: Не знам каде бил, задоволни сме од пресудата

Кристијан Ландов