Заев: Не можеме утре да ги внесеме Бугарите во Уставот, тоа се прави пред самото пристапување во ЕУ

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска во одговор на новинарско прашање дали Бугарите ќе бидат вметнати во нашиот Устав, рече дека пред самото пристапување во ЕУ се отвора Уставот со цел да се смени заедничкиот дел со земјите членки на ЕУ, и тогаш се вградуваат и помалку бројните етнички заедници кои се присутни и живеат во земјава, а не се вградени во него.

– Уште пред неколку години се отвори ваква дебата на барање на Хрватите во државата, но и на Црногорците. Ние последни го следиме примерот на сите европски земји, односно земјите посебно Балканот, јас ја кажувам Хрватска, еве Албанија веќе тоа го направи. На своето пристапување, на моментот на пристапувањето на ЕУ се отвора Уставот затоа што мора да се смени заедничкиот дел со земјите членки на ЕУ и тогаш се вградуваат и помалку бројните етнички заедници коишто се присутни и живеат во нашата земја а не се вградени во Уставот. Ние немаме никакви предрасуди. Ако некој бара утре тоа да го направиме и да сакаме не можеме. Две третини немаме, ниту треба, но јавно го кажуваме заради тоа што и Бугарите и Хрватите, и Црногорците и Египќаните и многу други етнички заедници ќе бидат вградени во нашиот Устав во очи на пристапувањето, истакна Заев.

На новинарско прашање дека доколку бидат внесени Бугарите во македонскиот Устав, дали ќе се бара реципроцитет односно вметнување на Македонците во бугарскиот Устав, со оглед на тоа дека има и Македонци во Бугарија, Заев рече дека тоа е право на Бугарија и оти мешање во внатрешни работи на соседна земја не е порака на пријателство.

– Тоа е право на Бугарија. Секојпат е убаво да се има реципроцитет, но мешањето во внатрешни работи на соседните земји не е порака на пријателство. Тоа останува на нив. Јас го кажувам како наша потреба, а не заради тоа што Бугарија бара. Реков, пред две-три години е отворено ова. хрватската заедница го отвори, го отвори црногорската заедница, имаат реална потреба, тие се наши граѓани, роднини овде, живеат овде. И покрај заедниците кои сега ги имаме Македонците, Албанците, Ромите, Турците, Власите, Бошњаците, Србите и другите заедници се родени овде, татковци, дедовци се родени овде, децата се раѓаат овде, друга татковина немаме и едноставно еднаквоста и во уставотворноста на државата треба да ја имаме во предвид. И тоа уште еднаш потенцирам е заради нас, не заради тоа што Хрватска бара, или Црна Гора или Бугарија или кој било, одговори Заев.

Во петокот вршителот на должност шеф на бугарската дипломатија Светлан Стоев изјави дека Министерството за надворешни работи би сакало Бугарите во Северна Македонија да бидат впишани во Уставот на земјата заедно со останатите наброени народи во него.

Би можело да ве интересира

Депозитите во бугарските банки достигнуваат 100 милијарди лева

А1он

Делегација на европратеници во Бугарија за да се запознае со владеењето на правото

Ана Ололовска

Анкета: Коалицијата на двајцата поранешни бугарски министри го зголеми својот раст на 11 отсто

Ана Ололовска

Коалицијата на двајцата поранешни бугарски технички министри „Промената продолжува“ се регистрира за парламентарните избори на 14 ноември

Ана Ололовска

Османи: Разговорите со Бугарија продолжуваат и без политичка влада во Софија

А1он

Нинова: БСП сака да знае што ќе прави „Промената продолжува” во однос на С. Македонија

Ана Ололовска