ВИДЕО: Заев најави можност и за петти амандман

Од:

Сега само се утврдува потреба за отпочнување на уставни измени, ќе има понатаму гласање за нацртот, ќе имаме двотретинско гласање за уставните амандмани. Тоа е процес којшто ќе трае повеќе од 100 дена. Спремен сум да седнам со сите вклучително и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за да можеме да изградиме сценарио и консензус по ова прашање, рече премиерот Зоран Заев во попладневниот дел од денешната седница за уставните амандамани.

„Ние сме само изработувачи на нацрт-амандмани и заедно ќе ги работиме ако треба и овде во Парламентот ќе доаѓаме од Владата за да го потврдиме идентитетот, македонскиот јазик дали во постојните амандмани или ќе изработиме и петти амандман. Грција нема ништо против нашиот идентитет и нашиот јазик. Спремен сум да разговарам со грчката страна затоа што тоа не е спорно. Проблемот е во разграничувањето на Северна“, потенцира Заев.

Тој во реплика на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Елизабета Канческа-Милевска која зборуваше за постигнување национален консензус, рече дека било направено сè од страна на Владата за инклузивност во процесот.

Со предложените 4 уставни амандмани се предлага во целиот текст на Уставот пред Република Македонија да се додаде придавката северна, измени во преамбулата на Уставот со именување конкретни документи на АСНОМ заради усогласување со договорот со Грција и поцврста гаранција за трајноста на границите и дека Република Македонија нема територијални претензии и грижа за Македонците и дијаспората во странство, што ќе значи дека Републиката ќе се грижи за културните, економските и социјалните права на нејзините припадници во странство без да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата