Заев: На Владата е да оцени дали ќе прогласи вонредна состојба

Од:

Лидерот на СДСМ Зоран Заев изјави дека на Владата е да оцени дали ќе прогласи вонредна состојба во земјата за спречување на ширењето на коронавирусот, имајќи ги предвид здравствените аспекти.

-Јас оставам на Владата да ги оценува ваквите работи, ние политичарите сме оставени по страна да бидеме асистенција, за тие професионално да си ја завршуваат работата. Сите мерки кои се преземени кај нас дури и предничат во однос на оние земји каде има прогласено вонредната состојба. Но вонредна состојба некогаш се прогласува и заради алатка за менаџирање на ситуациите. Пред се мислам на здравствените аспекти. Така што верувам дека Владата ќе ги има предвид сите тие аспекти… Но, не случајно земјите околу нас прогласија вонредна состојба – и Албанија, Косово, и Србија и Грција. Веројатно и ние ќе се движиме кон тоа затоа што тоа е посериозна алатка за полесно и поуспешно менаџирање на ваква криза предизвикана од коронавирусот, рече Заев.

Тој посочи дека работи и координинира со нивните политички претставници во Владата и дека денеска ќе имаат една координација, а вечер ќе следи уште една.

Во цел период, како што рече, помагаат ресурно со експертиза околу економските мерки кои верува дека за многу брзо време ќе ги објават потпретседателката на Владата, министерката за финансии, министерот за економија и гувернераката заедно, за што се прават конечните анализи.

Би можело да ве интересира

Ковачевски за средбата со Заев и Ахмети: Зборувавме за настапот на партиите на изборите и за членството во ЕУ

Александар Тодески

Ковачевски за писмото на Заев: Во демократија секој има право на став

Блиски луѓе на Заев ќе работат за фирма на белоруски конзул во Македонија: Кој ќе копа јаловина во РЕК Битола за 25 милиони евра

Орце Костов

Ципрас во Струмица на гости кај Заев

Заев: Очекуваме грчката страна да го исполни делот од Преспанскиот договор кој се однесува на патоказите

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски