Заев на вечера со Ердоган: Турција ќе продолжи да ја помага Македонија во борбата против пандемијата

Од:

Премиерот Зоран Заев и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на работна вечера во Истанбул разговараа за взаемните пријателски односи меѓу двете држави исполнети со динамична соработка во повеќе области, информираше владината прес-служба.

Заев, придружуван од министерот за здравство Венко Филипче, е еднодневната работна посета на Турција. Тој на средбата со Ердоган ја потенцирал, како што стои во соопштението од Владата, исклучително добрата економска соработка меѓу двете земји и нагласениот интерес на турските компании да инвестираат во Северна Македонија и да ги продлабочуваат деловните и трговски врски.

-Економската и трговската соработка се витални, рекол за време на работната вечера премиерот Заев и додал дека во таа насока се очекува поинтензивна динамика со новиот договор за слободна трговија кој е во подготовка, кој има за цел да отвори повеќе врати за турските инвеститори.

Заев и Ердоган споделија дека Македонија и Турција, како сојузници во НАТО, се поврзани и со исти вредности по однос на мирот и стабилноста во регионот, преку добрососедски односи и регионална соработка, како и во борбата против тероризмот согласно со домашното право на двете земји, како и со меѓународното право, стои во соопштението.

Ердоган потенцирал дека и покрај пандемијата двете земји имаа одлична трговска размена во 2020 година и дека тој ќе продолжи да ги мотивира турските компании уште повеќе да инвестираат во Северна Македонија.

Според владиното соопштение, на средбата во Истанбул е истакнато дека Турција ќе продолжи да ја помага Северна Македонија во борбата против пандемијата, со желба да се продлабочи соработката и во областа на здравството.

Би можело да ве интересира

Ердоган го нападна Нетанјаху: „Тој сака да предизвика регионална војна“

Турција им нуди на Зеленски и Путин нацрт мировен договор

Тежок пораз на Ердоган на изборите

Ердоган: Дајте и шанса на дипломатијата, Турција е подготвена да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ќе ги искористи сите расположливи средства за да го запре угнетувањето во Газа

Ердоган: Замижуваат пред масакрите, западните земји паднаа на тестот во Газа, го изгубија кредибилитетот

А1он