Заев на суд за случајот „Поткуп“

Од:

Во кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судското рочиште за случајот „Поткуп“, во кој обвинет е премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев за примање поткуп од струмички бизнисмен. Предметот никако да почне, поради низа процесни приговори. Апелациониот суд Скопје во декември лани одлучи користењето на видео-материјалот со ПИ-мерките како доказ да го врати на повторно постапување.

Судијката која досега го судеше предметот, Деана Груевска Илиевска, лани се прости од обвинетиот Заев, бидејќи со новиот распоред на претседателот на Основниот суд Скопје 1, Иван Џолев, таа суди во кривичниот оддел за полнолетни. Предметот се очекува да го преземе друг судија од новиот состав на Одделот за организиран криминал и корупција.

Заев во случајот „Поткуп“ е обвинет за барање и за земање на поткуп од приближно 160 илјади евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев за легализација на градежно земјиште.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот