Заев на средби со Звиздиќ и други претставници на властите во БиХ

Од:

Премиерот Зоран Заев и членовите на македонската владина делегација кои престојуваат во дводневна официјална посета на Босна и Херцеговина, денеска во Сараево ќе имаат повеќе средби со високи претставници на Советот на министри и на Претставничкиот дом на Парламентарното Собрание, како и со Претседателството на БиХ и со лидери на одделни политички партии.

По средбата со претставници на Советот на министри на БиХ, планирани се изјави на премиерот Заев и претседавачот на Советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ.

Во состав на македонската делегација, како што соопшти прес- службата на македонската Влада, се и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за земјоделство Љупчо Николовски, министерот за култура Роберт Алаѓозовски и министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми.

Во рамки на посетата предвидено е да биде потпишан меморандум за разбирање меѓу македонското Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за надворешна трговија и економски односи на БиХ, како и потпишување на Програмата за културна соработка меѓу македонското Министерство за култура и Министерството за цивилни работи на БиХ.

Според агендата, предвидено е македонскиот премиер заедно со претседавачот на Советот на министри на БиХ да положат цвеќе на спомен обележјето на трагично загинатиот македонски претседател Борис Трајковски и членовите на неговата делегација.

Премиерот Заев заедно со Звиздиќ ќе присуствува во Мостар на манифестацијата „Мостар не ги заборава пријателите“ каде ќе му биде врачена наградата „Mostar Peace Connection“ и ќе биде потпишан документот „Мостар повелба на мирот“.

Би можело да ве интересира

Грлиќ Радман: Формирањето хрватска изборна единица не значи дека БиХ ќе се распадне

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината