Заев на средба со претставници од Нотарската комора: Ја поздравувам иницијативата за дебата за изнаоѓање најдобро решение

Од:

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, и од министерката за образование, Рената Десковска, денеска оствари работна средба со претставници од Нотарската комора на Македонија.

Претставниците на комората укажаа на нивните забелешки на постоечкиот Закон за нотаријат, и побараа изнаоѓање на решение прифатливо за двете комори, за да отстранат сите недоследности во постоечкото законско решение.

Министерката Десковска и министерот Спасовски го поддржаа ставот на претставниците на нотарската комора потенцирајќи дека еден од принципите на новото законско решение мора да биде рамноправноста и еднаквоста пред законските обврски и дека е тоа голем предизвик, наспроти праксата кога моќните компании, како банките и лизинг компаниите, се покажуваат како попривилегирани од граѓаните.

– Слободата и правата на граѓаните се основниот принцип на демократијата, и како што потенцираше, секој треба да има право на избор и сам да си одбере кој ќе го застапува во правниот промет и во судските постапки при изборот на адвокат или нотар, истакна премиерот Заев на средбата со претставниците на Нотарската комора.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев изрази мислење дека до соодветно решение за овие барања на комората треба да се дојде низ транспарентна постапка и дискусија, со сите засегнати страни, за да дојде до израз аргументација за најдобро можно резултат еднаково прифатлив за сите инволвирани субјекти.

Би можело да ве интересира

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

Орце Костов

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Методија Ристоски реизбран за претседател на Нотарската комора

Ана Ололовска

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов