Заев на средба со претставници на УНИЦЕФ

Од:

Премиерот на Република Македонија Зоран Заев денеска се сретна со делегацијата на УНИЦЕФ, предводена од Бенџамин Перкс.

Како што соопшти владината прес-служба, на средбата премиерот ги запознал гостите од УНИЦЕФ со реформските определби и владините приоритети за подобрување на состојбата со човековите права и правата на децата во Република Македонија.

На средбата било констатирано дека овие прашања имаат одговор во заедничката соработка меѓу институциите на Република Македонија и УНИЦЕФ, исто како и за предизвиците со кои се соочуваат децата од ранливите категории во образовниот систем.

– Чест и задоволство е да го имаме УНИЦЕФ како партнер, порачал премиерот Заев и ги поканил претставниците на фондацијата за деца на Обединетите нации, со свои коментари, предлози и проекти, да бидат соработници на Владата во успешното справување со предизвиците за подобрување на условите за живот и развој на сите деца без исклучок во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

УНИЦЕФ: Загадениот воздух, сушите и топлотните бранови – главна закана за децата во Македонија

Горан Наумовски

За една недела во Либан убиени се 15 деца, десетици се ранети

Децата се опкружени со нездрава храна во и околу училиштата

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“