Заев на средба со пензионери од Штип: Најниските пензии ги зголемуваме за 21%

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев заедно со генералниот секретар на СДСМ и носител на кандидатска листа на пратеници во ИЕ3, Љупчо Николовски, градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски, претседателот на Комисијата за здравство Венко Филипче и кандидатот за пратеник Сашко Николов денеска остварија средба со пензиониерите од градот Штип.

„Во изминативе 3 години просечната пензија се зголеми за скоро 1.800 денари, продолжуваме уште повеќе и уште подобро за подобрување на животниот стандард на пензионерите. Во следниот мандат предвидуваме зголемување на најниските пензии за 21%. Минималната пензија ќе ја зголемиме на 10.700 денари“ порача претседателот Заев.

Заев истакна дека и во време на криза со коронавирусот пензискиот систем е стабилен и подготвен да одговори на сите предизвици.

„Пензионерите можеа да бидат мирни и сигурни и во кризата предизвикана од пандемијата со КОВИД-19 вирусот. Пензиите се исплаќаат предвреме, осигурана е нормалната живејачка на повозрасните граѓани. Тоа можемвме да го направиме бидејќи изминатите 3 години работевме на стабилзиација на пензинскиот фонд. Со пензиската реформа само за една година направивме заштеда во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување од 3,7 милијарди денари, а приходите на Фондот за ПИО ги зголемивме за 10%. Само со одговорен пристап како што има СДСМ ќе има пари и за повисоки плати и за повисоки пензии“ истакна претседателот Заев.

Тој ги повика пензионерите да продолжат да бидат одговорни и да си го чуваат своето здравје. На изборите на 15 јули да излезат на изборите кои ќе бидат здравствено безбедни да го заокружат бројот 3 за СДСМ и коалцијата Можеме за да продолжи нашата земја на правиот пат економски да се развива со нови работни места, повисоки плати, повисоки пензии и подобар животен стандард за сите.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова

Горан Наумовски

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски