Заев на средба со делегација на ОБСЕ: Очекуваме победа на слободни, фер и демократски избори

Од:

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, денеска, во придружба на Дамјан Манчевски, потпретседател на партијата, Миле Зечевиќ, шеф на изборниот штаб и Стевица Јосифовски од правниот комитет на СДСМ, оствари средба со делегација на ОБСЕ, во состав Нина Соумалаинен, шефица на ОБСЕ во Скопје и Џеф Били, раководител на политичкиот оддел.

На средбата беше разговарано за актуелната политичка состојба во светло на локалните избори, како и спроведувањето на реформскиот процес во интерес на граѓаните. Заеднички беше заклучено дека спроведувањето на фер, слободни и регуларни избори ќе има големо влијание врз целокупниот демократски амбиент во државата.

„Како партија, целосно сме подготвени за локалните избори на кои сме убедени дека ќе победиме. Јасно е дека на Македонија и се потребни слободни, фер и демократски избори што одамна ги немала. Во таа насока посветени сме на гаранциите за фер избори. Оттука и бројните одлуки на Владата на Република Македонија со кои изрично се забранува употребата на средства во државна сопственост за партиски цели. Сите носители на јавни функции имаат обврска доследно да ги почитуваат законите“, посочи претседателот Заев.

Во однос на процесот на реформи и работата на Собранието, претседателот Заев истакна дека по победата на СДСМ на локaлните избори, реформите ќе продолжат со засилено темпо, бидејќи очекува да престанат опструкциите во Собранието и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе почне да делува конструктивно.

На средбата беше разговарано и за евроинтегративниот процес на државите од регионот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот