Заев на средба со британската амбасадорка Галовеј: Државата покажа подготвеност за справување со коронавирусот и заштитата на здравјето на граѓаните

Од:

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска оствари видео средба со амбасадорката на Британија во Република Северна Македонија, Рејчел Галовеј.

На средбата беше дискутирано за глобалната закана од пандемијата со коронавирусот, последиците од неа врз економијата, како и демократските процеси во Република Северна Македонија и претстојните парламентарни избори.

Од страна на Заев беше истакнато дека сите капацитети на државата, на општеството, но и на СДСМ како одговорна партија се ставени во заштита на здравјето на граѓаните и спречување на ширењето на вирусот, како највисок приоритет.

Покрај обезбедување на здравјето, додаде Заев дејствувањето на СДСМ е фокусирано и на изнаоѓање мерки и политики кои имаат за цел да ги санираат економските последици од коронавирусот економијата и да создадат нова, брза економија со интензивен раст за побрзо надминување на кризата.

Заев посочи дека СДСМ и преку Владата и преку институциите во кои е дел е посветена на градење на силна демократија, со силни и капацитетни институции, и оттаму во ситуација кога државата е без Собрание и со преодна Влада, дополнително се наметнува потребата од одржување избори штом пандемијата спласна.

Од страна на амбасадорката Галовеј беше поздравен високиот степен на транспарентност и отвореност на институциите за време на пандемијата, како и нивната посветеност во борба со здравствените закани од коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема