Заев на средба со адмиралот Брук: Првата годишнина од членството во НАТО ја славиме со растечка буџетска поддршка за армијата

Од:

Членството во НАТО е остварување на определбата на граѓаните и на политичките елити во земјата негувана и афирмирана низ годините наназад уште од прогласувањето на независноста на Северна Македонија, порача премиерот Зоран Заев денеска на средбата со командантот на сојузничката команда на здружени сили на НАТО во Неапол, адмирал Роберт Бурк, кој е во посета на земјава, по повод одбележувањето на првата годишнина од членството на Северна Македонија во Алијансата.

Во таа насока, додаде Заев, во текот периодот што претходеше на тој чин, работевме на исполнувањето на политичките критериуми во делот на унапредување на демократијата, слободите и владеењето на правото, како и на трансформацијата на нашата армија во согласност со стандардите на Алијансата.

На средбата, на која присуствуваа и министерката за одбрана Радмила Шекеринска и бригадниот генерал Симеон Трајковски, началник на Ј-5 секцијата во Генералштабот на Армијата на Северна Македонија, Заев му посакал добредојде на адмиралот Бурк и на членовите на делегацијата на НАТО и се заблагодарил за честа што Алијансата со присуство на свои високи претставници ќе учествува во одбележувањето на првата годишнина од членството на земјата во Алијансата.

Премиерот, како што соопшти владината прес-служба на средбата информирал дека Владата продолжува да инвестира во Армијата со буџетска поддршка која расте дури и во време на пандемијата, кога приоритет е поддршката за санирање на социоекономските последици, за која до сега се издвоени 1,3 милијарди евра.

Премиерот Заев уште додаде дека со членството во НАТО Северна Македонија го потврди својот статус како фактор на стабилност во регионот и дека сигурноста, која произлегува од сојузништвото со сите земји членки на Алијансата, е фактор за економскиот прогрес на земјата за што значаен придонес имаат странските компании, кои дури и за време на пандемијата го задржаа својот интерес да инвестираат во македонското стопанство.

Адмиралот Бурк од своја страна нагласи дека му е чест што предводи делегација на Алијансата по повод првата годишнина на Северна Македонија во НАТО и го истакна придонесот што земјата го даваше и во периодот пред пристапување во членството во сојузот и дека значаен удел за успешното остварување на овој процес имаше лидерството на земјата во последните четири години кога се донесоа најзначајните одлуки за остварување на оваа цел.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска