Заев на Самитот „Македонија 2025“: Обезбедуваме сигурност на инвестициите со воспоставување на владеење на правото

Од:

„Владеењето на правото и борба против криминалот, корупцијата и митото, како и борбата со сивата економија се едни од нашите главни определби и приоритети. Сето ова ќе обезбеди сигурност на инвестициите. Сакам да ве уверам и вас и граѓаните дека работењето на економски план е најсериозен приоритет на Владата во структура, секако давајќи сериозно значење пред се на здравствениот аспект на времето во коешто живееме, но и на интегративните процеси со ЕУ“, рече претседателот на Владата Зоран Заев на панел сесијата на тема: „Светот во време на криза: Економски реформи и глобални односи во Југоисточна Европа “, каде учествуваше заедно со ЕУ амбасадорот Дејвид Гир и Кејт Мари Брнз, амбасадор на САД во земјата.

Истовремено, Заев упати честитки за организацијата на годинешниот Самит „Македонија 2025“ кој од 1-3 декември 2020 декември, поради околностите предизвикани од пандемијата КОВИД-19, за прв пат се одржува во хибриден формат, фокусирајќи се на светот за време и по глобалната здравствена и економска криза, изразувајќи верба дека како и секоја година и оваа ќе произлезат квалитетни заклучоци, кои понатаму ќе придонесат кон имплементација на важни проекти и активности, со оглед на, како што нагласи премиерот Заев, нагласената потреба од наметнување на современите трендови и фокусирање кон економските реформи кои ќе придонесат кон одржлив и инклузивен економски развој.

Осврнувајќи се на проценката за состојбата во поглед на економските реформи и најголемите достигнувања и можности за успех, како и најголемите предизвици за успех и подобрувањето на владеењето на правото, премиерот Заев подвлече дека Владата посветено работи на ублажување на ефектите од пандемијата наведувајќи ги веќе донесените четири економски пакети за заздравување на економијата, подвлекувајќи дека се работи и на економско планирање за подобрување на состојбите на среден и на долг рок.

„Нашите заложби се на долг рок креирање на стабилен предвидлив деловен амбиент како би можеле да се реализираат предвидените инвестициски проекти, со гаранција на инвестициите како одраз на зголемување на правната сигурност. Во време кога се соочуваме со економска неизвесност и се уште различни сценарија околу кризата, предизвикот за реалниот сектор е голем. Во справувањето со предизвиците, важна е придружната улога на јавниот сектор, која е предуслов за амбиент за развој на претприемништво и иновации“, рече премиерот Заев.

Премиерот Заев подвлече дека Владата ја смета Платформата за просперитетна иднина донесена од Македонија 2025 е компактибилна со Владините стратегии, при што се истакнуваат предностите и предизвиците со цел економски прогрес и економска благосостојба на граѓаните во Северна Македонија.

Тој нагласи дека приоритет е човечкиот капитал и образованието. Притоа тој ја спомена Младинската гаранција, преку која се вработија и млади луѓе согласно потребите на пазарот на трудот.

„Преку рекомбинирање на образовниот систем кој што треба да продуцира квалификувана работна сила согласно потребите на пазарот на трудот, веднаш после тоа доаѓаат економските перформанси водењето бизнис во државата и во делот на привлекувањето на странските инвестиции, но и во делот на поддршка на оние капацитетни економски дејности кои што постојат во нашата земја и како области но и како конкретни компании кои што може да генерираат сериозен раст на економијата“, нагласи премиерот Заев на денешниот Самит „Македонија 2025“.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче му возвраќаат на Заев, неговите деца во партијата станаа кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ: Акиов е човек од доверба на Заев и соучесник во сценариото кое го подготвил со Филипче за дестабилизација во Кочани

Во енергетска криза, кланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ три пати поскапо и профитирале, а граѓаните плаќале повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

Манасиевски: Дали Филипче и Заев имале акции во индиска авиокомпанија и оттаму им се средствата за 50-катница во Дубаи

Катерина Ѓуровски

Вториот ден од Самитот Македонија 2025 во знакот на вештачката интелигенција, образованието, инвестициите и поврзаноста со дијаспората

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски