Заев на разговори со Касами за заеднички кандидат за претседател

Од:

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев денеска во Клубот на пратениците  ќе се сретне во претседателот на движењето Беса, Билал Касами во рамки на разговорите и консултациите со коалициските партнери околу можноста за изнаоѓање заеднички кандидат за престојните претседателски избори.

Заев вчера требаше да се сретне со лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села, но Села ја откажа средбата во знак на револт од одземањето на ингеренциите во образованието на гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари. Заев вчера изјави дека остава простор за натамошна комуникација и, како што рече, го разбира револтот, но законите мора да се спроведуваат.

Премиерот и претседател на СДСМ завчера имаше средба со лидерите на „Алтернатива“ Африм Гаши и на ДПА Мендух Тачи, а ден претходно со претседателот на ДУИ Али Ахмети.
Начелно сите дадоа согласност да се направи обид да се најде заеднички кандидат за претседател на државата, прифатлив за граѓаните од сите етнички заедници и социјални слоеви, личност која ќе ја одразува идејата: едно општество за сите.

Би можело да ве интересира

Касами дава милионски тендери на фирми со по еден вработен: Туристичка компанија ќе гради обиколница

Александар Тодески

Ковачевски за средбата со Заев и Ахмети: Зборувавме за настапот на партиите на изборите и за членството во ЕУ

Александар Тодески

Михаилоски: Секоја штетна одлука на Касами во Тетово е поддржана од ДПМНЕ

Ковачевски за писмото на Заев: Во демократија секој има право на став

Советниците на ДУИ го обвинија тетовскиот градоначалник за политички притисоци во училиштата

Катерина Ѓуровски

Левица: Касами повика на рушење на уставниот поредок – ОЈО итно да постапи

Катерина Ѓуровски