Заев на работен појадок со амбасадорите на земјите од Вишеградската Група: Благодарност за поддршката за проширувањето на ЕУ

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска имаше работен појадок во организација на амбасадорите на земјите од Вишеградската Група (В4) на кој изрази благодарност за нивната силна поддршка за проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан.

– Премиерот Заев, на средбата со амбасадорите на Полска. Војчех Тицињски, на Унгарија Ласло Иштван Дукс, на Словачка Хенрик Маркуш, и на Чешка Мирослав Томан, ја изрази благодарноста кон Вишеградската група за силната поддршка за европската перспектива на Западен Балкан, особено со цврстото застапување на агендата за проширување на ЕУ со земјите од регионот. За време на работниот појадок претседателот на Владата Заев ги нагласи очекувањата од претстојниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан со нивните колеги од Вишеградската Група од кој ќе се реафирмираат заложбите и пораките за поголема динамика на процесот за проширување на ЕУ, информира владината прес-служба.

Посебна тема на денешниот состанок со амбасадорите на земјите од Вишеградската Група беше размената на искуства за менаџирање на Фондот за Западен Балкан, инспириран од соработката со В4, при што е споделена определбата оваа соработка да продолжи и понатаму.

Премиерот Заев и амбасадорите од земјите од В4 за време на работната средба разговараа и за очекувањата од денешниот министерски Совет за општи работи на ЕУ и изразија надеж дека ќе биде постигнато прифатливо решение за деблокирање на евроинтеграцискиот процес за Северна Македонија засновано на предлогот на португалското претседателство со Унијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот