Заев: На Македонија и треба побрз мотор и брза трака за напред

Од:

На Македонија и треба побрз мотор. Крајно време е по 20 години независност, да ја ставиме на брза трака и заедно со стопанството да ја придвижиме напред, порача денеска премиерот Зоран Заев.

Пред почетокот на трибината во Стопанската комора на Македонија, Заев во шеговит разговор со претседателот на комората, Бранко Азески, и вицепремиерот Кочо Анѓушев, стоејќи пред мотор паркиран во салата, истакна дека ЕУ ќе не пушти да бидеме нејзин полноправен член, кога нашиот стандард ќе биде барем приближно колку стандардот во ЕУ.

– Тоа можеме да го постигнеме само со брзи мотори, односно со брзо движење на целата економија. Целта е по влегувањето во ЕУ и НАТО да возиме со голема брзина, потенцира премиерот.

Официјалниот дел од трибината почна со дискусија околу патот на Заев од обичен ученик во Струмица до премиер. Притоа, во текот на разговорот Азески, кој ги поставува прашањата, укажа дека е неопходно да се забави привлекувањето на странските инвеститори во земјава зашто Македонија нема доволно обучен кадар. На тоа Заев потврди дека ситуацијата е алармантна поради што мора да се работи на воведување дуално образование, односно пракса во училиштата.

Азески и Заев се осврнаа и на претстојната посета на канцеларката Меркел во сабота. Потенцирана беше размената на Македонија со Германија која, како што нагласи Заев, се очекува годинава да достигне четири милијарди евра.

Претседателот на Стопанската комора го праша премиерот дали ќе се промени досегашната пракса, претседателот на државата Иванов да дава ордени само на музичари, автори, уметници, но никогаш не и на бизнисмените, кои се во принцип, како што рече, „лопови на транзицијата“. Заев се согласи дека приватните фирми се најголемите двигатели на државата.

Би можело да ве интересира

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија