Заев: Да ги тргнеме предрасудите настрана и да изградиме вистинска иднина

Од:

На дебатата „Каква Македонија сакаме после излезот од политичката криза?“, која се во кампот на слободата пред Владата, во првиот циклус учествуваа Наталија Поповска од Транспарентност Македонија со ставови од областа транспарентност на институции и трошење јавни пари, Мухамед Зекири, новинар кој зборуваше на тема медиуми, Дона Костуранова од Национален младински совет на Македонија зборуваше за младите и Ирена Стефоска од Vox Academica на тема образование.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој имаше десетминутно излагање на дебатата и кој одговара на прашања на граѓаните, рече дека тоа што на 17. мај Македонија го направи, ЕУ го препознава.

– Сите можни различности беа присутни, граѓанските аспекти, интелектуалните аспекти беа силна порака. Сите политичките определби, и Роми и ЛГБТ беа овде. За тоа сите имаме право да се гордееме. Тоа во преговорите со еврокомесарот Јоханес Хан и со европарламентарците беше добро оценето, а ЕУ ја задолживме уште повеќе да се втурне во менаџирање помош за излез од кризата. Од 17 мај почна ново трасирање на иднината на нашата земја. Сега е моментот да ги тргнеме сите наши предрасуди на страна и да изградиме вистинска иднина за сите граѓани. Прво ние политичарите сакаме да покажеме дека го менуваме менталниот склоп на однесување и дека ја чувствуваме одговорноста – рече Заев.

Овде сум вечерва слушател, истакна тој, затоа што не е целта ние да ги наметнеме нашите визии.

– По заминувањето на овој режим, власта ќе опстои само ако биде максимално транспарента, оти тоа ќе биде единствената гаранција да не ја снајде Пасок во Грција. Буџетските средства мора да бидат транспарентни. На неделно ниво ние ќе ги обелоденуваме буџетските расходи. Граѓаните мора да бидат коректив со директен увид за тоа како се трошат народните пари. Премиерот и министерот на финансии ќе мора да носат буџет на јавна дебата, па ќе мора да кажат оти споменикот е поважен од канализација во едно село. Судија мора да одговара за својата одлука. Се залагаме за преодна влада со која не може и понатаму да има поклопеност на државата со партијата. Со самата преодна влада исчекорот е направен, таа ќе ги тргне валканите раце на политичарите од комплетната власт, со неа ќе имаме ветер во грб, преодната влада не е само голо барање на опозицијата.
Незвисноста на медиумите ќе мора практично да ја покажеме, мораме МТВ да го изградиме целосно независен. За тоа има прекрасни модели, ете, на пример, хрватскиот, кој е лесно применлив кај нас. Имаме цела лепеза модели, притоа не смее да се водат кампањи на владата преку пропагандни машинерии, може преку соопштение власта да ги соопшти своите пораки до граѓаните. Во МТВ ќе ги забраниме сите реклами и ќе ги насочиме кон приватните медиуми, кои зависно од својот капацитет, ќе зграпчат дел од тој колач. Ако имаме независни медиуми, голем дел од транспарентата иднина на Македонина сме ја завршиле. Има политичарот да игра пред новинарот, а не новинарот да се плаши од политичарот – уверуваше Заев.

Зборувајќи за младите, тој рече дела без младите нема иднина и тие мора младите да бидат активен чинител во секојдневието на општеството.

Во врска со екстерното тестирање, лидерот на СДСМ рече дека е една од најголемите глупости што се случи во Македонија и мора да се укине.

– Средношколците очекуваат СДСМ да каже дека нема да и математика. Не, како може математика да нема ако се оди на Машински, на Електро факултетот. Математика мора да полагаат средношколците, но преку враќање на примениот испит, па ако се определи идниот студент за Електро – математиката не му бега, ако се одлучи за англиски – тогаш нема да ја има.

Би можело да ве интересира

Кои се пратениците со кои ВМРО-ДПМНЕ дојде до парламентарно мнозинство: Со ЗНАМ во Влада ќе се обезбеди и двотретинско

Орце Костов

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Џафер и Арсовска се скараа кој е надлежен да се искоси тревата во дворот на Владата

Орце Костов

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе ја градиме коалицијата

Орце Костов

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов