Заев му подари македонско вино на Столтенберг во Лондон

Од:

Премиерот Заев, кој ја предводи владината делегација на Самитот на НАТО во Лондон, на кој се одбележува 70-годишнината од Алијансата, денеска на првиот ден од лидерскиот собир му подари македонско вино на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Тој објави твит во кој истакна дека Столтенберг еден од наголемите поддржувачи и пријатели на Северна Македонија.

-ГенСек Столтенберг е еден од нашите најголеми пријатели и поддржувачи. “You will join NATO” рече во една прилика и покажа на дело дека Алијансата остварува, а со тоа и ние го остваруваме генерацискиот сон. На здравје Јенс, уживај во вкусот на ова одлично македонско вино, напиша Заев на „Твитер“.

Би можело да ве интересира

Трамп ги нарече сојузниците на НАТО кукавици: Се жалат на цените на нафтата, но не сакаат да помогнат

Предраг Петровиќ

Захарова: НАТО е заинтересиран само за едно нешто – да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија

Руте: Членките на НАТО ја поддржуваат војната на Трамп против Иран

Иранска балистичка ракета лансирана кон Турција соборена од воздушната одбрана на НАТО

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

Руте: НАТО не е вклучен во последните случувања на Блискиот Исток, но ќе го одбрани секој дел од својата територија