А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Заев: Можно е уште вечер да се знае името на кандидатот за претседател

by А1он01/03/2019 - 16:14195
Share0

Десет имиња ќе се разгледуваат како можен консензуален кандидат на владејачката коалиција за престојните претседателски избори и можно уште денеска да се знае името на кандидатот, порача денеска премиерот Зоран Заев.

Следете a1on на Instagram Instagram

СДСМ, коалициските партнери и другите партии кои даваат поддршка за заеднички претедателски кандидат, вечер во 20 часот во хотел „Хилтон“ ќе одржат средба на која треба да биде утврдена личноста што ќе влезе во трката за нов шеф на државата на претстојните шести по ред претседателски избори.

Заев одговарајќи на новинарско прашање дали Стево Пендаровски е фаворит за консензуален кандидат, рече дека тој е еден од кандидатите, кои ќе бидат ставени на разгледување.

-Во контакст сме со сите политички партии, кои ја изразија својата подготвеност да застанат за заеднички кандидат. Десет имиња се за разгледување, секако имаме и свои фаворити заради тоа што граѓаните ни испратија јасна порака за тоа каков претседател посакуваат да има нашата земја. Ќе ги земеме предвид сите аналитички аспекти во смисла идниот претседател на Република Северна Македонија да биде претседател на сите граѓани, кои ќе го чуствуваат за свој, а истовремено веруваме ќе биде и доволно мотивирачки фактор за да добиеме голема излезеност, истакна Заев по денешната посета на „Алкалоид“.

Следете a1on на Youtube YouTube

По одлуката на лидерите од владејачката коалиција СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, за заеднички кандидат, дел од медиумите објавија дека веќе е познато и името, а дел, пак, тврдеа дека се уште се во игра имињата на Радмила Шекеринска, Никола Димитров, Стево Пендаровски и Оливер Спасовски од СДСМ. На огласот на СДСМ, пак, се пријави амбасадорот Ѓорѓи Филипов.

Владејачката СДСМ в недела треба да одржи конгрес на кој ќе биде промовиран кандидатот за нов шеф на државата.

izboriZaev

Би можело да ве интересира

Шест месеци до изборите во САД: „Претседателот е доста непопуларен“

Горан Наумовски03/05/2026 - 21:0903/05/2026 - 22:00

Косово на прагот на нови предвремени избори

Горан Наумовски29/04/2026 - 14:23

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 14:12

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Горан Наумовски01/04/2026 - 11:55

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски30/03/2026 - 07:1930/03/2026 - 09:21

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Горан Наумовски23/03/2026 - 14:26
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто