Заев: Можни се предвремени парламентарни избори заедно со референдумот

Од:

Македонскиот премиер Зоран Заев откако соопшти дека е постигнат договор со Грција, најави и дека можно е да се одржат предвремени парламентарни избори заедно со референдумот за името оваа есен.

-Можмо е да бидат заедно со референдумот, а може и со претседателските избори. Тоа е мое мислење, не сум ги консултирал коалиционите партнери. Според мене добро е да се истера целиот мандат, поради економијата, но тоа е до таму до каде што зависи од нас, но ние сме спремни да одиме на избори, анкетите се на наша страна, рече Заев.

На новинарско прашање што доколку опозицијата и претседателот не ја прифатат промената на името, Заев кажа дека остава сепак шанса за успешен референдум.

-Граѓаните треба да излезат на референдум и да го кажат својот став и конечно Европската Унија да ги отвори вратите за Македонија, рече Заев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче останува со потрчковците на Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија има јасна агенда за бришење на јазикот и идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче му возвраќаат на Заев, неговите деца во партијата станаа кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ: Акиов е човек од доверба на Заев и соучесник во сценариото кое го подготвил со Филипче за дестабилизација во Кочани

Во енергетска криза, кланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ три пати поскапо и профитирале, а граѓаните плаќале повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

Манасиевски: Дали Филипче и Заев имале акции во индиска авиокомпанија и оттаму им се средствата за 50-катница во Дубаи

Катерина Ѓуровски