Заев: Можат да сонуваат избори во 2018, криминалната банда мора час поскоро да замине

Од:

Зоран Заев, лидерот на СДСМ денеска одговараше на новинарски прашања:

Овој ваш да речеме ултиматум многумина го толкуваат како притисок против кое вие се борите. Зошто го правите тоа сега? Претседателот Иванов вчера во своето обраќање директно ве обвини за тесна соработка со СЈО? И за специјалната војна за којашто тој рече дека се води во Македонија?

– Сакам да биде јасно. СДСМ и коалцијата не го напуштаат Парламентот. Ние времено ја замрзнуваме нашата работа на седниците на заседанијата на Парламентот, пленумот и комисиите. Не го посакуваме тоа. Ние знаеме дека Парламентот е одлична алатка да ги кажеме нашите ставови и да се бориме како сериозен коректив на сето што преку Парлманетот се случува. Но после осум месеци поднесена иницијатива за уставноста на СЈО за којашто знаеме дека вообичаена пракса е од 3 до 5 месеци најмногу да се носат одлуки по ваквите иницијативи или знаеме дека кога ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ поднесуваат иницијативи и за седум дена се одлучува за ваквата иницијатива. А се работи за нешто коешто сите го гласавме во Парламентот и сите го поддржавме, а тоа е Специјалното јавно обвинителство. Ова е само еден добронамерен чекор без да биде било како поинаку сфатен, како апел до Уставниот суд, да се свика и да донесе одлука за уставноста на СЈО. Не ја прејудицираме таа одлука. Бараме да одлучува по таа иницијатива заради тоа што неодлучувањето останува надвиснат меч над главата на СЈО. Сите се согласуваме дека токму СЈО претставува трошка надеж за враќање на правото, владеење на правото, правната држава и можноста законот да важи подеднакво за сите граѓани во Македонија.
По основ на второто прашање, за овој срамен чин што вчера се слушна од Ѓорге Иванов тешко е да се дава било каков коментар. Пресериозни работи беа соопштени од страна на човек којшто извршува функција Претседател на Р.Македонија. Прво вели Пуч ќе открие се што треба да се открие. Нека одлучи дали Заев, Верушевски и другите секако а со тоа и СДСМ и коалицијата ги гони за насилство врз високи претставници на власта барајќи техничка влада и предвремени избори или за граѓанска војна. Не може едно со друго да одат заедно. Сериозноста да каже дека имало разузнавачки информации, дека притоа ги знаел сите информации за граѓанска војна ќе бидат само сериозни ако јавно ги објави сите документи и докази за таквите информации. Го повикувам јавно да ги објави. Полна уста зборови секој ден, за ненасилство, за мирни протести, за право на протест, заедно со граѓаните да си ја чуваме Македонија, дека сме роднини сите сме малку. Тие се нашите зборови цело време што ги употребуваме. И, ако тој знаел дека се спремаат протести и вели јас само ги убрзав, што е смислата? Што тоа тој сакал да постигне? Сериозноста и забеганоста да се спомнува Армијата навистина претставува една сериозна најава којашто се надевам дека сите на загрижи слушајќи го тој дел од неговата прес конференција. Не дај Боже да му падне на памет да прави вакви глупости заради тоа што ниту има потреба во Македонија да се прави, ниту тој има некаков кредибилитет и легитимитет тоа да го прави. Знам впрочем и дека нема кој да го послуша тоа да го прави. Само бруката и срамот ќе немаат крај како што гледаме со секој негов јавен настап. Во Македонија протестираат граѓани коишто си ја сакаат својата земја. Тие граѓани бараат да бидат вградени во процесот, бараат правда, бараат демократски институции. Граѓаните бараат институциите коишто постојат да ја заштитат државата и граѓаните од криминалците, да има правично судење за секој, еднакво за секој граѓанин, без разлика дали е од опозиција, од власт, не припаѓа на политички партии, без разлика на етникум, и слично. Во тој правец уште еднаш само повикувам, тие докази коишто доаѓале наводно од некои разузнавачки служби должен е јавно да ги објави. Ако не, уште една причина повеќе веднаш да си поднесе оставка. Ѓорге Иванов треба веднаш да замине. Ако сака да и помогне на Македонија, може тоа дополнително да го направи и прецизно, на 26-ти септември. Значи 40 дена плус, на 6-ти ноември да одиме на избори. Уште еден аргумент зошто есента треба да одиме на избори. Може и да го темпира точно. Најдобро е секако веднаш тоа да го направи и тогаш барем ќе бидеме на чисто.

Господине Заев рековте дека времено ќе го напуштите Собранието додека Уставниот суд не се произнесе за СЈО. Во случај да не се произнесе каков е вашиот став?

Ние не го напуштаме Собранието. Ние не уествуваме во работата на Собранието. Нашите пратеници ќе бидат таму, целосно ќе ги следат сите можни активности. Ќе го користиме секој можен начин за наша соодветна реакција. Се што ни стои како алатка на располагање. Ова го правиме затоа што мораме. Не постои некоја друга алатка којашто би посакувале во моментот да ја искористиме. Ова е нешто наједноставно што може да испрати најдобронамерна порака до таа институција којашто 8 месеци во заточеништво држи надеж за враќање на правдата и правната држава. Тоа е Специјалното јавно обвинителство. Да одлучи час поскоро, да одлучи по иницијативата Уставниот су. Јас се надевам и не сакам да помислам дека нема да одлучат. Тоа е работа на Уставниот суд да одлучува по иницијативата.Негово право е каква одлука ќе донесе по таа иницијатива.

П3: Вчерашниот говор на претседателот Иванов имаше многу елементи и самите спомнавте граѓанска војна и ред други. Зошто баш сега тие изјави? Денеска имаше прес конференција ДУИ, Бујар Османи кажа дека нема причина за лидерска средба…

Ние сакаме час поскоро решение на оваа политичка криза, затоа спомнуваме брзи, регуларни, фер и демократски избори. Изборите се решение на оваа криза. Ги кажавме нашите ставови и правиме максимални напори преку било каква иницијативност што ни стои на располагање да ја спасиме Македонија од оваа политичка криза којашто Никола Груевски ја наметна, како неодговорен политичар кој одлучи да ја држи во заточеништво цела Македонија и целиот нејзин народ. Истовремено тие иницијативи за коишто се разговара на работни групи, се разговараше и ќе се разговара. Тие потекнуваат од наша страна, ние поднесуваме иницијативи, ние бараме решенија заради тоа што бараме брзи избори. Ако се сака брзи избори и разрешница на кризата треба да имаат минимум разбирање дека минимум условите мора да бидат исполнети. Иницијативите имаат за цел да ги тргнат условеностите на политичките партии од условите за избори. Прочистувањето на Избирачкиот список да се заврши час поскоро каде што политичките партии ќе немаат свое влијание во исполнување и реформите во медиумите веднаш да се случат. Штом тоа ќе бде заокружено ќе можеме да го дефинираме и датумот за изборите и Владата којашто ќе треба да ги подготви самите избори.

Господине Заев, уште едно кратко подпрашање во овој контекст. Од друга страна гледаме дека коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ некако како да одолговлекува, како да не сакаат да одат во овој момент на избори туку ете се врати политичката Влада и како да имаат за цел да се држат до оној редовен термин 2018-та а во меѓувреме да се оди на локални избори веројатно со овие услови коишто ги имаме сега. Ваш коментар?

Може да сонуваат за 2018-та. Ова не го направивме да владеат. Што мислат, да постигнеме договор па до 2022 да останат на власт? Ова е криминална банда и треба час поскоро да замине од власта во Република Македонија. Ние мислиме дека час поскоро е подобро за граѓаните и за Македонија. Ние немаме против да одиме на избори со локалните избори, но зошто граѓаните и Македонија да губат некои дополнителни 6 или 7 месеци. Ајде есенва да излеземе на избори и притоа јавно ги кажувам нашите услови, заради тоа што се минимум услови коишто произлегуваат од Договорот во Пржино. Конечна цел Договорот од Пржино има полн легитимитет на победникот. Само полн легитимитет на победникот може да донесе стабилна Влада, а со тоа и стабилност во Македонија којашто треба да се впушти во вистински реформи, сериозни реформи коишто дел ги гледаме во Извештајот од Прибе од реформските процеси, коишто се најавени како итни реформски приоритети коишто се исправени пред државата. Тоа е излезот и тоа тие го знаат. И на крајот, нели се фалат дека водат на анкети, зошто бегаат од избори ? Знаат ако се дефинираат изборите и овие минимум услови бидат исполнети колони народ ќе чекаат пред избирачките места за да замине Никола Груевски и оваа банда. Колони народ. По анкети веќе опозицијата води. Во ваков клиентелизам со околу 40% граѓани кои не се изјаснуваат, колони народ ќе има на избирачките места за да замине Никола Груевски. Проблемот е што тоа го знае и Никола Груевски и Али Ахмети. Али Ахмети се уште води пред помалите политички партии и го повикувам и него и неговата ДУИ да превземат директни чекори. Од Никола Груевски не очекувам, заради тоа што тој знае дека регуларни, демократски и фер избори едно гарантираат: тој ќе замине. Второ ќе гарантираат стабилна Влада. Трето ќе гарантираат дека Македонија ќе ита кон Европската унија и НАТО.

Господине Заев, вчера меѓу другото претседателот Иванов ве повика и за повлекување на аболицијата. Со измените на законот во однос на аболициите и помилувањата со член 11 вие можете тоа да го направите… Дали планирате и кога планирате тоа да го направите?

Мислам дека 11-ти пат одговарам и ќе одговарам се додека има интерес кај новинарите по ова прашање. Уште еднаш напоменувам се работи за политички монтиран просец. Со тој проект јас и Струмица се гордееме. Процес којшто беше награден од Европската унија како најдобра пракса за Јавно приватно партнерство. Втората важна работа како што рековте Законот му дава можност на Ѓорге Иванов то да го направи. Тој може како што ги повлече сите други аболиции, ако Уставот и законот тоа му го дозволуват, му препорачувам, јавно апелирам, укажувам да го направи тоа и за аболицијата за Зоран Заев за Глобал. Појасно здравје. Немам намера да се бламирам во глупости коишто им приликуваат на владејачките гарнитури, а посебно и на Ѓорге Иванов. Со изговор дали помилувано лице од времето на Јосип Броз Тито, знаејќи дека континуитетот на Социјалистичка Република Македонија е Република Македонија, може Ѓорге Иванов и таквото помилување да го поништи. Ако може еве нека го направи преку тоа што ќе ја поништи аболицијата на Зоран Заев за Глобал. Јавно го кажувам тоа и јавно апелирам да го направи. Јас да се бламирам со нешто коешто не верувам дека е правно издржано немам намера заради тоа што му било кеиф на менторот на Ѓорги Иванов, Никола Груевски.

Господине Заев, дали СДСМ има намера да предложи конкретен план за прочистување на избирачкиот список, со оглед на последното обраќање на Никола Груевски на роденденот на партијата кајшто ги повика ДИК да не губат време и да ги следат насоките на СДСМ, за прочистување на избирачкиот список за да се има доверба и да се има регуларни изборни процеси?

– Знам дека во моментов има и работна група со претставници на партиите којашто се одржува во ДИК. Ние сме транспарентни секојпат во процесот, се бориме за вистински вредности, нема потреба што да криеме. Денеска впрочем можевте да прочитате и едно интервју на претседателот на ДИК коешто само по себе кажува колку е сериозна работата. Граѓаните мора да веруват дека со својот глас ќе влијаат на изборите. Штом не може да веруват, џабе ни е се. Ние мора да ја постигнеме таа цел. Тоа ќе го постигнеме пред се покрај другите работи преку прочистен избирачки список. 71 000 граѓани има коишто 10 години или во 10-те бази воопшто не се појавуват. Сите знаеме дека тие граѓани се надвор од државата. Проблемот е што 18.500 во 25 години независност на Македонија ниту еднаш не поднеле барање за добивање лична карта или пасош. Тие треба да гласаат или не ? 25 години самостојна Македонија ниту еднаш не поднеле. Едниот дел се тие граѓани што треба да се прочистат. Вториот дел се, прво беа 123.000, па намалени на 116.000, па 107.600. Тоа е прашањето 16 ако не се лажам коешто беше од темата за работа на ДИК. Кадешто имаме 107.000 минимум, а можеби се и 116.000, ДИК ќе го каже точниот број на граѓани коишто последната година или 12 месеци не се појавуват во ниту една од базите кои најверојатно заминале од државата времено или трајно. Проблемот е да се стават во вториот дел од избирачкиот список, никој не ги брише. Тие ќе бираат дали ќе гласат дома во Македонија или во дијаспората, што е проблемот? Затоа заедно сите овие граѓани претставуват една група од 176.000 што треба да ги ставиме во втор дел од избирачкиот список. Нашиот член на било кое избирачко место, членот на ВМРО, членот на ДУИ и другите политички партии ќе знае и ќе чека дали Васко е навистина Васко или е Ванчо. Кога ќе бидат од 5 до 15 гласачи по избирачко место наши граѓани што живеат во дијаспората, ќе ја тргнеме можноста што била за манипулација со дијаспората. Тоа е важен дел за дијаспората. 176 000 со постојните 80 000 ќе имаме 256.000 граѓани утврдено дијаспора. Ако некој не е дијаспора или е грешка има јавен увид. 20 дена пред изборите трае јавен увид, ќе се пријави и ќе каже не сакам да сум дијаспора, јас живеам овде и ќе го стават на првиот дел од избирачкиот список, целосно загарантирано правото на увид и жалба на граѓаните. Најважниот дел е тие 34.000 граѓани коишто не ги најдоа воопшто, дека постои таква адреса, дека некогаш живееле на таа адреса. Дополнително 27 000 граѓани којшто воопшто исто така не ги најдоа воопшто. Тие сите заедно ја претставуваат кумулативно (некои се преклопуваат) бројката од 42 000. Може ќе испаднат 10.000 да се вишок, може сите 42.000 да се вишок. Предлогот е за сите тие граѓани коишто не се најдени дома, коишто никогаш не поднеле барање за пасош или за лична карта да им се даде можност да се пријават, да се регистрират за 20 дена колку што стои јавниот увид. Ако не се пријават ги бришеме. И ако некој после тоа е повторно грешка избришан имаме јавен увид, ќе се пријави со валиден документ и завршена работа. Зошто има потреба од некој да сее магла? Има потреба заради тоа што Груевски бега од избори. Ова е лесен, транспарентен процес којшто може да биде завршен. Никој не смее да го изгуби своето право на глас, но исто така никој не смее да го злоупотребува правото на глас на граѓаните на било кој од овие начини. Јас верувам дека тоа е возможно, тоа е еден од најзначајните услови, од тој услов зависи регуларноста на изборите. Транспарентно зборувам нека постапи, нека постапат и нека се заврши целата оваа работа. Напоменувам ова е само еден од условите. Реформите во медиумите се важна алка, немаме намера да воведуваме цензура, да ги казнуваме медиумите. Напротив, ќе се бориме да паднат и тие казни коишто постојат во моментов во законот за 50 проценти и тоа така и ќе се случува. Истовремено нашата намера е да ги професионализираме државните институции, тоа е советот на Агенцијата за заудио визулни медиумски услуги и МРТ. Ние немаме аспирации да навлегуваме и влијаеме врз уредувачката политика на приватните медиуми, таму кадешто рамноправно плаќат граѓаните ќе имат рамноправно право да имаат рамноправна застапеност и рамноправен третман, а Советот на Агенцијата да постапува подеднакво за сите обезбедувајки балансирано претставување на политичките партии. Рамномерна застапеност на сите партиципиенти во целиот овој процес, не ширење на омраза, не кршење на етичките стандарди и професионалните стандарди од страна на новинарите и медиумите.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска