Заев: Mораме да го промениме законот и да го примениме моделот на една изборна единица

Од:

За да имаме рамноправна и демократска држава, во која сите ќе добијат подеднакво, мораме да го промениме законот и да го примениме моделот на една изборна единица, вели премиерот, Зоран Заев, по блокадата на измените на Изборниот законик од страна на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ.

Според Заев, самиот модел ја максимизира ефикасноста на изборите и им дава можности на помалку бројните партии да добијат мандати, нешто кое, како што вели премиерот, е многу значајно бидејќи сме мултиетничка држава.

Раководството на СДСМ го усогласи ставот дека се подготвени за една изборна единица на претстојните предвремени парламентарни избори во април следната година, место сегашните шест. И покрај очекувањето на СДСМ да нема амандмани и блокади, за предложените измени на Изборниот законик, Собранието добило неколку илјади амандмани од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ. Опозицијата доставила над 1.300 амандмани, а ДУИ – пет илјади. И од двете партии велат дека не можат да дозволат да се направат измени во Изборниот законик без консултација со најголемите партии.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?