(ВИДЕО) Заев: Моите чувства се повредени, очекував извинување од Божиновски

Од:

Кога ќе се поминат границите неколкупати да сте келеветени, да сте навредувани, пред се на лични чувства, а после тоа дури и на политичката функција која што ја извршувате еден ден треба да кажете стоп и да поднесете тужби, само така можеме во државата да одмериме до каде е дозволиво газењето на чувствата на граѓаните, вклучително и на мене како претседател на Владата, изјави денеска премиерот Зоран Заев пред Граѓанскиот суд по рочиште со новинарот Зоран Божиновски.

Заев додава дека како носител на извршната власт, нормално е да биде на удар на критичката власт, но дека сепак граница треба да се има за се.

-Кога ќе поминат нормалните граници кога ќе бидат повредени чувствата, кога сте исклеветени, кога сте навредени, кога вашите деца се исправени да ве прашат зошто некој ве кажува дека сте дел од рекет акција, дека сте од криминална група, дека правите штета во милионски суми на државата, или слично, ги поминува границите. Верувам дека со личните чекори коишто ги преземаме или не превземаме, а во функција дека многу често не сум превземал дејствија да поднесам тужба освен кога ќе се поминат сите граници и ќе се помине тој мегник којшто го кажувам, тогаш ја испраќам пораката дека еднаш нешто мора да застане и да престане затоа што е премногу, заклучи Заев.

Тој нагласи дека неговите очекувања биле денеска да добие извинување, меѓутоа не го добил, па поради тоа ќе оставел судот да одлучи понатаму.

Заев го тужи Божиновски за клевета, по објавен фејсбук статус во кој новинарот открива наводен рекет од 60 милиона евра кој го зеле премиерот и тогашниот вицепремиер Кочо Анѓушев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот