Лидерот на СДСМ Зоран Заев, на прес конференција објави снимки, на кои вели дека се слуша како директорот на УБК, Сашо Мијалков се договара со уредникот на Сител Драган Павловиќ Латас и му кажава дека самиот го средил Велија.
Транскрипт
СМ: Зашто вестите да не идат во 9? Луѓе гледаат вести…..
ДПЛ: Не се гледани во 9, гледани се во 10, 10.30.
СМ: Кој ти вика дека не се гледани? Ја на пример ги гледав стално во 9 вестите.
ДПЛ: Не е така Саше, тоа се истражува така. Значи, истражува…
СМ: А у 12.30, 1, особено не на неодредено време, на немање на термин, постојан термин, а ги фатиш, а не си ги фатил вестите.
ДПЛ: Значи ова беше до овдека што ти зборев. Сега даље се слагам веќе со тебе. Најгледано е измеѓу 10 и 10.30, значи да почнат вести.
СМ: Нека ги пушти у 10. Нека ги пушти у 10.15.
ДПЛ: Се слагам, се слагам.
СМ: Ама нека се знае дека Сител има вести у 10.15 а не вака летечи, не знаеме ние кога има вести бе, дали има во 1 или во 11 или у 12.30.
ДПЛ: Види, и мене не ми одговара да дојдам на работа у 11.40 до 12.30 да дремам …
СМ: И која е користа? Лапа, лапа, лапа и Горан да ти кажам пари. Извини молим те, со 2 милиона еура поддршка годишно и ја ќе направам телевизија.
ДПЛ: Он тоа си го одработуе. Канал 5 не го одработуе. Значи Канал 5 у ниеден кризен момент, они се фини, они се културни, они се…само кога се срчкаа со Велија лично. Тогаш имаше 3-4 дена, кога нив Велија ги прозва за, БС кога го спомна, го исплука, тоа вредеше, на настани ги нема, на емисии…
СМ: И сеа најде да се дига рејтинг, ја ви вршам прљавата работа, ви го средувам Велија, на мој начин, и сега некој ќе пушта у 9 саат забавна програма ќе дига гледаност у сред кампања.
ДПЛ: Види Сашо, ако не си гледан…
СМ: На што личи тоа ај кажи ми? Ја ке му кажам и на Горан во очи, еве тебе ти кажувам во очи. Кај мене нема…