Заев: Мицкоски немаше и нема став за ниту едно важно прашање за граѓаните

Од:

Претседателот на СДСМ Зоран Заев на трибина на Спомен костурницата во Куманово, вечерва порача дека во периодот кој следува ќе понудат нова развојна економија. Пред кумановци Заев најави концепт од повеќе столба. Новата развојна економија, нуди 600 милиони евра поддршка за стопанството за отворање нови работни места, две милијарди евра во продуктивна инфраструктура, експресни, регионални патишта, градинки, водоводи, канализации, детски градинки, болници, домови на култура.

Тој рече дека предвидени се 300 километри експресни патишта и 950 километра локални патишта, поддршка од Светската банка за општините. Раст на просечната плата на 34.000 денари и на минималната за 40 проценти односно на 20.000 денари до крајот на мандатот. Ќе следуваат и субвенции на придонеси, истакнувајќи дека 1045 кумановски фирми ја користат мерката за 7000 работници. Заев потсети дека е зголемена и пензијата, а тој тренд ќе продолжи. Вториот столб е „Стоп Ковид 19“, рече Заев, потенцирајќи дека се вложени средства во 34 здравствени установи, вклучително и Ургентниот центар во Куманово, зголемени плати на лекари, сестри, вложени 40 милиони евра во опрема. Затоа, додаде, тие „гинат“ по болниците, се мачат по 24 часа.

– Мицкоски и овде немаше став, се изживуваше врз лекарите и медицинските сестри, врз министерот Филипче, еднаш не се понуди да помогнат, да поддржат, да направат чекор. Ни умираат граѓаните секој ден, тешко е, болно е. Куманово беше еден од најпогодените и сè уште е, рече Заев. Тој вели дека не може да му прости на Мицкоски што ги дели лекарите по партиска основа. Зборувајќи за политичките опоненти, Заев, рече дека Мицкоски немал став за ниту едно клучно прашање, името, мутлетничноста, за Преспа и ја обвини опозицијата дека е кавгаџиски настроена и граѓаните нема да видат преговори со ЕУ, ниту средства од фондовите.

„Грижа за сите“ е третиот столб, рече Заев, потсетувајќи на законот за стечајците, на социјалната пензија, зголемени трансфери, зголемени плати за социјални работници, вработени во градинки, во култура, субвенции за земјоделци. „Еко држава“ е столб кој нуди финансиска поддршка за повеќе еколошки проекти, 60 милиони евра за еколошки инвертори за затоплување на домовите. „Правда, ред и дисциплина“ се однесува на се, потенцираше Заев, осврнувајќи се на законот за јавното обвинителство кој, како што посочи, е клучен. Тој најави дека ќе се почитува системот, ќе има прочистување на судиите и обвинителите, ќе се разрешат оние на кои предметите им застаруваат.

– Кумановци, јас не сум само задоволен од победа во Куманово, сакам убава бројка која прави убава разлика, повика Заев, укажувајќи дека Куманово отсекогаш било прогресивно, отсекогаш пркосело во историјата, па дури и кон својата партија кога е на власт.

Носителот на листата, Оливер Спасовски, рече дека ја бараат довербата бидејќи државата е земја членка на НАТО. Во Куманово ќе се оправда довербата како и секогаш, рече Спасовски.

Наспроти коалицијата „Можеме“ има втора, рече Спасовки која е опасност за државата и нуди само враќање на режим, на мрачни сценарија, притисоци на бизнисмени.

Тој најави повеќе проекти за Куманово, реконструкција на Соколана, на Спортската сала и на Спомен Костурницата, а посочи и дека се реконструирани сите патишта.

Носителот на листата, Сања Лукаревска рече дека граѓаните препознаваат дека Колаицијата „Можеме“ нуди повисок стандард и иднина.

Кандидатот за пратеник Мухамед Зеќири кажа дека нема место за национализам кој доаѓа или од ВМРО ДПМНЕ или ДУИ. Етничка тензија откако е СДСМ на власт нема и тоа им пречи на ДУИ и на ВМРО ДПМНЕ. Такви работи не поминуваат во јавноста, додаде Зеќири.

Говорниците побараа од кумановци да гласаат за број три, бидејќи истакнаа, дека можат уште повеќе, уште подобро.

Би можело да ве интересира

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Формирана „Коалиција за европска иднина“

Предраг Петровиќ

СДСМ: Безбедни ученици, бесплатен топол оброк во средно и основно

Горан Наумовски

СДСМ: Платформа од минатиот век се нови лажни ветувања на ДПМНЕ по пример на Скопје

(ВИДЕО) СДСМ и Движењето Нова Република потпишаа меморандум за соработка во пресрет на изборите

Николоски: Дали СДС, Ковачевски и Пендаровски го плаќаат консултантот Еисин со пари од кешот што го извлекувале од тендерите со РЕК