Заев: Мицкоски ќе ги поништи договорите со Грција и со Бугарија, но затоа нема да дојде на власт

Од:

Премиерот Зоран Заев е убеден дека доколку лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски дојде на власт ќе ги поништи договорите и со Грција и со Бугарија. Тој денес коментирајќи ја изјавата на Мицкоски дека ќе го поништи Преспанскиот договор ако дојде на власт и покрај тоа што стратешка цел и на ВМРО – ДПМНЕ се ЕУ и НАТО, рече дека токму затоа нема да дојде на власт.

„Да, господинот Мицковски ако дојде на власт ќе го поништи договорот со Грција, Преспанскиот договор, ќе го поништи и договорот со Република Бугарија ама затоа нема да дојде на власт и затоа не е возможно“, рече премерот Заев.

Тој нагласи дека договорите не се работи за кои треба да се шегуваме туку се сериозни.

„Колку што беше тешко и беше потребна храброст да се донесат сите тие одлуки, со иста тежина, иста храброст, одлучност и одговорност треба да се пристапува и кон иднината на овие прашања. Јас не се сомневам дека ВМРО ДПМНЕ ако дојде ќе го поништи договорот, ќе направат се за да поништат договорот. Но истовремено треба чесно да им кажат на граѓаните дека тоа ќе не врати надвор од Европската унија и од НАТО, да не зборувам дека ќе не скара повторно соседите, какви рефлексии ќе има тоа врз економијата, какви рефлексии ќе има врз целиот регион и тоа треба да го кажат. Го гледам во сите тие интервјуа вели ‘јас се нарекувам Македонец, зборувам македонски јазик и ќе ја нарекувам државата Македонија’. Јас како Зоран Заев исто така ја нарекувам државата Македонија, сум Македонец, зборувам македонски јазик, но како претседател на Владата, согласно Уставот и согласно законите, државата е Република Северна Македонија, а јас сум Македонец кој што зборува македонски јазик, е тоа е одговорно. Ако не дај Боже, еден претседател на Влада, кој и да е, не го употребува уставното име на државата, Република Северна Македонија, треба да знае што следува и тој, а треба да знаат и граѓаните. Тоа значи нова горчина преку ново вето кое веднаш ќе ни се испорача и ќе бидеме повторно блокирани и ќе чекаме повторно 15 години како кандидати. Ќе чекаме некој да дојде повторно да ги врати работите на нормала. Толку е едноставна работата“, рече премиерот Заев.

Тој порача дека е чесно кога некој кој најавува поништување на договорите, да објасни и како понатаму ќе гарантира членство во НАТО и ЕУ.

„Овие наши стратешки цели не се оти така ги избравме и не се така затоа што постојат од 91, па на нас сега ни паднало на памет тоа да го правиме, туку заради тоа што тие цели носат економија, носат економски стандард, носат инвестиции, градат пријателство од кое многу компании инвестираат во државава. Имаме неколку бугарски компании што инвестирале кај нас по договорот во металуршката, рударската дејност, во преработката во прехранбената индустрија, во медикал канабис, во повеќе дејности. Сите тие се со таргет на отворање на повеќе од 3000 работни места. Тоа се 3000 наши граѓани кои што добиваат поголеми плати. Затоа е многу важно да бидеме сериозни во политиката“, рече премиерот Заев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата помеѓу СДСМ и БЕСА е коалиција за продолжување на криминалното владеење

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Заев: Сите кои ги делат нашите принципи се добредојдени, како ДУИ ќе се позиционира, зависи од нив

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Народот силно покажа дека Луј Витон судството мора целосно да се демонтира

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Мицкоски: Мали шансите за предизборно коалицирање со албанска партија

Ана Ололовска

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири неоснована паника, ситуацијата е под контрола

Ана Ололовска

Заев: Коалицијата со Беса е историска и победничка

Габриела Димковиќ-Мишевска