(ВИДЕО) Заев: Македонија ќе дознае за политичките затвореници

Од:

Лидерот на СДСМ, во емисијата „Патот кон“, на Алсат-М,  навести дека материјалите кои ги поседува СДСМ се страшни, а дел од нив се однесуваат на политичките затвореници во Македонија.

– Тоа го потвдувам јавно, има многу политички затвореници, има луѓе во затвори кои се поради суетноста на власта, кои заради лични хирови се во затвор во 21 век, во членка на Обединетите нации, тука е една од најболните вистини која ќе ја дознае Македонија, рече Заев.

На прашањето дали постојат материјали за Смилковското езеро, Заев рече дека доколку постои такво нешто ќе биде објавено.

Screenshot_9

„Ако има било какво материјал вантре за расветлување на случајот верувајте дека ќе биде објавено, зашто сите чекаат некој вид на правда. Се што е поврзано со ваков вид на криминали ветувам дека ќе го објавам јавно и за тоа ќе има процес“, сигурен сум, рече Заев.

– Дали во Македонија има докази дека некој нарачувал убиства? Ризично е да истрчувам со вакви материјали, но се ќе биде објавено. Злонамерноста отишла до бесвест и да не кажам болест. Се што имаме ќе објавиме, јас не можам да бидам ниту правник ниту истражен орган, јас имам обврска да објавам, рече Заев.

На прашањето за ДУИ и нивната рекација по објавениот разговор на Али Ахмети, претседателот на СДСМ кажа дека Секој политички субјект кој што е подготвен да се бори за демократија и слобода, има отворени врати за соработка.

– Но не може сето тоа да си дозволите да го следите со ваш министер за правда и да барате меѓународни арбитражи. Јас го разбирам Ахмети зоштo вака реагира и зошто Мендух Тачи вака се однесува и знам колку моќ има министерот за правда, се знам, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев