Заев: Македонија е едно семејство на сложни граѓани од различни вери

Од:

Премиерот Зоран Заев вечерва организираше ифтарска вечера во честа на светиот месец Рамазан, за претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери и за пратениците, за членови на Владата и за советниците на премиерот и неговите надворешни соработници и за градоначалниците, припадниците на исламската вероисповед, како и за поглаварот на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи.

Посакувајќи им добродојде на ифтарот, премиерот Заев, како што соопшти владината прес-служба, нагласил дека му е чест да ги пречека своите гости за време на празничните пости, кога семејствата се собираат, пријателите се дружат и се посветуваат на саморефлексија и размислување. Време кога се извршуваат молитвите за меѓусебно почитување, за залагање за правда, за напредок, толеранција и достоинство на сите луѓе.

– Постот е одрекување од земните и сетилните задоволства што го делат многу вери – вклучувајќи ја и мојата христијанска вера. Тоа време кога го јакнеме духот за да се доближиме до Бога и да се сообразиме со него. Овој духовен подвиг не упатува и на фактот дека промените што сакаме да ги направиме – мора да започнат во нашите сопствени срца и во нашите заедници. На тоа ги учиме децата. За време на овие денови посветени на јакнење на духот, се грижиме за болните и им подаваме рака на сите. Без разлика на нивната верска припадност, истакнал премиерот на ифтарската вечера.

Заев посочил дека подвигот за време на постот и наградата за посветеноста, го помагаат унапредувањето на нашите заеднички желби – да живееме во мир и спокојство и да ги отвориме срцата за радост во семејствата и да шириме добрини меѓу соседите и да ги јакнеме пријателствата.

– Со секој ифтар за време на Рамазанскиот пост да ја охрабруваме и негуваме нашата заедница, Република Македонија. Една држава, едно семејство на различни вери, кои меѓу себе живеат сложно и ја продолжуваат традицијата што како аманет ни ја оставија нашите татковци, нагласил премиерот Заев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска