Лидерот на СДСМ Зоран Заев, на прес конференција објави снимки, на кои вели дека министерката за култура Елизабета Канчевска-Милевска бара на вестите на Сител да оди материјал од МТВ.
Транскрипт 2
ДПЛ: Кажи Бетче.
ЕКМ: Драган!
ДПЛ: А?
ЕКМ: Што правиш?
ДПЛ: Еве на работа.
ЕКМ: М?
ДПЛ: На работа.
ЕКМ: Значи, едно, викам едно нешто кога ќе замолам, а бе нема шанси. Нели замолив вчера…
ДПЛ: Што е Бети? Па идеше…
ЕКМ: Што?
ДПЛ: И на сајт
ЕКМ: Во 11, во 11, во ноќта никој кога не гледа, сите кога спијат.
ДПЛ: Види да ти кажам. Значи не претерујте, зошто има од кај твојот Премиер, толку многу порачки што вестите на Сител се куртон обичен, се пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ.
ЕКМ: Ти кога си на вести? Денеска ли си на вести?
ДПЛ: Значи вчера имаше 7 прилога од вкупно…12, кои идеа по порачка. Анкета имало, па анкетата како се вика, експерти да кажеле, и све, и сега…
ЕКМ: Драган, денес ти си на вести?
ДПЛ: Не сум, не, Тино, ама не е проблем, кажи ми што треба ќе направам.
ЕКМ: Тоа што ќе го пуштат денес на МТВ, пуштете го. Има анкета таму од Естонци за концерот, што кажуваат за Македонија, многу убав прилог.
ДПЛ: Чекај, чекај. МТВ дали ќе дадат видео материјал?
ЕКМ: Да.