Заев: Kонечното решение за името да биде потврдено на референдум

Од:

Ставот на СДСМ е заедно со опозицијата да изнајдеме решение за спорот со името и на крајот конечното решение да биде потврдено на реферндум, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање пред кривичниот суд.

„Тоа не е толку страшно, трагично или невозможно, реферндумот се организира согласно законите, во брза постапка. Ако застанеме сите, пред се политичарите да ги соопштиме своите ставови, ќе му помогнеме на нашиот народ, а нашиот народ ќе излезе и ќе си го каже својот став. Ова е премногу суштествено прашање, но јас на оваа работа не гледам како на кочница или бариера, гледам како дополнителна гаранција за Република Грција дека конечно ова решение е трајно и конзистентно“, рече Заев.

Во однос на очекувањата од посетата на Нимиц, претседателот на Владата рече дека му е драго што со другите чинители во општеството успеале да го усогласат пристапот на Македонија во преговарачкиот процес. Истакна дека пред Нимиц ќе ги кажат нивните ставови и аргументации.

Според Заев, на сите овие случувања треба да се гледа од позитивен аспект, бидејќи конечниот исход ќе биде датум за преговори во ЕУ и членство во НАТО.

„НАТО и ЕУ носат инвестиции, носат позитивни економски апсекти за граѓаните и се надевам дека сите ќе бидеме фокусирани пред се за интересот на граѓаните на Република Македонија и за Република Македонија“, рече Заев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот