Заев: Кој во ВМРО-ДПМНЕ ја објави вистината за неспособноста на Мицкоски?

Од:

Премиерот Зоран Заев преку својот фејсбук профил прашува „кој во ВМРО-ДПМНЕ работи против претседателот на партијата и објавува соопштенија кои потврдуваат дека во времето кога Христијан Мицкоски бил директор на ЕСМ (ЕЛЕМ) драматично паѓало производството на електрична енергија“.

„Кој е збунет? Кој во ВМРО-ДПМНЕ работи против Мицкоски? Кој ја објави вистината за неспособноста на Мицкоски и за драматичниот пад на производството на струја во нивно време?

Конфузијата оди до таму што нивниот центар за комуникации објавува соопштенија во кои со бројки и факти потврдува дека во нивно време, времето кога Мицкоски бил директор на ЕСМ (ЕЛЕМ), драматично паѓало производството на електрична енергија. Спротивно на тоа, во периодот од 2017 и 2018 година имаме стабилизација и раст на производството на струја“, пишува Заев.

Погледнете ги бројките објавени од центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, a се однесуваат на производството на ЕСМ:

– во 2013-та година 5 113 GWh
– во 2014-та година 4 741 GWh
– во 2015-та година 4 471 GWh
– во 2016-та година 4 382 GWh
– во 2017-та година 4 228 GWh
– во 2018-та година 4 273 GWh

ВМРО-ДПМНЕ почна да објавува факти кои ја потврдуваат неуспешноста на Мицкоски. Тој беше најнеуспешниот директор на ЕСМ, а денес е најнеуспешниот лидер на опозицијата“, напиша Заев.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус